• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Прв целосно македонски мјузикл инспириран од Фреди Меркјури наскоро пред публиката во Битола

26 март 2026, 18:51
  • cподели
Оркестар DIVA

На денешната прес-конференција, оркестар DIVA го најави новиот музичко-сценски проект инспириран од една од најголемите музички икони на сите времиња – Freddie Mercury. Тимот зад проектот истакна дека публиката не треба да очекува класичен tribute концерт, туку мјузикл што преку музика, актерска игра и сценска емоција ќе ја води низ животот и духот на Freddie Mercury.

Станува збор за прв целосно македонски мјузикл во продукција, проект што на едно место ги спојува музиката, сцената и приказната за човекот кој остави неизбришлива трага во светската музика.

Во проектот учествуваат:

  • Владимир Димовски – диригент, продуцент и оркестратор на проектот
  • Бојан Стојков – во улога на Freddie Mercury и режисер
  • Димитар Захариевски – автор на сценариото и во улога на Brian May
  • Никола Пројчевски – во улога на John Deacon
  • Никола Стефанов – во улога на Roger Taylor
  • Теона Крстеска – во улога на Mary Austin 

На прес-конференцијата беше посочено дека идејата за ваков мјузикл кај Владимир Димовски постоела одамна, но најголем предизвик било да се пронајде вистинската личност што ќе може да ја понесе улогата на Freddie Mercury. Како што истакна тој, пресвртниот момент се случил на еден концерт, кога за време на изведбата на песната „I Want to Break Free“, која ја пеел Бојан Стојков, увидел дека токму тој може да биде вистинскиот избор за оваа улога. Токму така започнала и соработката што подоцна прераснала во идеја за создавање на мјузиклот.

Оркестар DIVA

Бојан Стојков, кој ќе го толкува ликот на Freddie Mercury, истакна дека не се обидува да го копира, туку дека неговата цел е да ја пренесе енергијата што Freddie ја носел на сцена.

„Не се обидувам да го копирам Freddie. Сакам да ја пренесам неговата енергија на сцена. Тоа е голема одговорност, но воедно и голема чест“, истакна Стојков.

Авторот на сценариото, Димитар Захариевски, нагласи дека сценариото ќе ја води публиката низ животот на Freddie Mercury и низ најважните моменти што го оформиле како личност и уметник. Тој посочи дека не е едноставно да се доловат сите состојби, предизвици и емоции што Freddie ги доживувал, но дека претставува особена чест една ваква музичка и сценска икона да биде претставена преку мјузикл.

Никола Пројчевски, кој ќе настапи во улогата на John Deacon, откри дека во мјузиклот има многу интересни моменти и нагласи дека особено му значи можноста за соработка со оркестарот. Според него, на проектот работат луѓе кои максимално професионално и посветено ќе се обидат на сцена да го донесат сето она што веќе е создадено и замислено. Воедно откри и дека во еден момент од мјузиклот сите пеат заедно, што ќе биде едно од особено впечатливите сценски изненадувања за публиката.

На прес-конференцијата беше посочено дека Никола Стефанов и Теона Крстеска не присуствуваа поради оправдани причини.

Оркестар DIVA

Проектот најавува силно сценско доживување во кое музиката, приказната и актерската игра ќе се спојат во едно, со цел да се долови не само ликот на Freddie Mercury, туку и неговата енергија, харизма и трага што ја остави зад себе.

Публиката ќе има можност да проследи мјузикл што не е само музичка изведба, туку внимателно создадена сценска приказна, во која оркестарот и актерите заедно ќе ја водат низ еден емотивен и моќен театарско-музички свет.

Билетите се веќе во продажба на yournextevent.info и во Тобако Димпо, а останати се уште сосема мал број на билети.

Tags
Оркестар DIVA

Најнови

  • Торта на 10 ката, гости од српската естрада, провокативен стајлинг... Атмосферата на забавата на инфлуенсерката Дуња Јованиќ

    Fri, 03/27/2026 - 19:20
  • Триглав

    Заваровалница Триглав предложува бруто дивиденда од 3,00 евра по акција

    Fri, 03/27/2026 - 13:36
  • Електронски цигари

    Истражување: Расте нелегалната трговија со електронски цигари во Европа

    Fri, 03/27/2026 - 13:14
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.