• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Простувањето – лек за душата и умот

23 февруари 2026, 18:36
  • cподели
Простување

Простувањето не е слабост, туку внатрешна сила. Од психијатриски аспект, простувањето претставува процес на ослободување од товарот на лутината, огорченоста и болката. Кога неопростуваме, ние постојано ја „оживуваме“ повредата – телото и умот остануваат во состојба на стрес, напнатост и внатрешен немир.

Современите психолошки и психијатриски сознанија покажуваат дека задржаната лутина е поврзана со: – хроничен стрес, анксиозност и депресивни симптоми, проблеми со спиењето, а истотака влијаат и на телесното здравје со зголемување на крвен притисок и телесна напнатост.

Простувањето не значи дека го оправдуваме нанесеното зло, ниту дека забораваме што се случило. Простувањето значи дека не дозволуваме минатата болка да управува со нашата сегашност. Тоа е чин на грижа за сопственото ментално здравје.

Од религиозен аспект, простувањето е темелна духовна вредност. Во христијанската традиција, прошката не е само морална обврска, туку пат кон внатрешен мир и духовно исцелување. Во Светото Писмо, стои: „Проштевајте, за да ви биде простено.“

Овој повик не е насочен кон тоа да ги игнорираме сопствените граници или болки, туку да не дозволиме омразата и огорченоста да ни создадат внатрешен притисок. Религијата нè учи дека простувањето е ослободување – пред сè за оној што простува.

Простување

Кои се придобивките од простувањето за менталното здравје?

– поголем внатрешен мир,
– намалување на анксиозност и стрес,
– подобрување на расположението,
– подобрени меѓучовечки односи,
– чувство на лична слобода и раст.

Важно е да се каже: простувањето е процес. Не секогаш е моментална одлука – понекогаш е пат кој бара време, поддршка и работа со себе. И тоа е сосема во ред.

Како психијатар, секојдневно гледам колку непростеното станува извор на внатрешни конфликти, психосоматски тегоби и емоционален замор. А исто така гледам колку олеснување носи моментот кога човек ќе си дозволи да ја отпушти неправдата, навредата – не заради другиот, туку заради себе.
Нека овој Празник на простувањето ни биде потсетник дека простувањето не го менува минатото, но може длабоко да ја промени нашата иднина. Да си подариме себеси мир!

Автор: М-р д-р Марија Костадиновска, психијатар, психотерапевт во Клиника Жан Митрев

М-р д-р Марија Костадиновска, психијатар, психотерапевт
Tags
Клиника Жан Митрев

Најнови

  • Избор за посни оброци

    dmBio е мојот избор за посни оброци - органски производи по секогаш поволни цени

    Mon, 03/16/2026 - 15:32
  • „Ако утре ме нема“, „Време за плачење“: Емотивниот концерт на Тамара Тодевска за ДНК и сите жртви во пожарот

    Mon, 03/16/2026 - 13:28
  • Утрото што не дојде

    „Останаа имиња што премногу рано станаа спомени“: Потресни стихови на Пере за „утрото што не дојде“

    Mon, 03/16/2026 - 12:50
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.