• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Професорка ги изгуби двете нозе за да спаси двајца ученици

14 мај 2012, 13:26
  • cподели

Професорка во Кина ги изгубила двете нозе додека спасувала двајца свои ученици од автобус кој се движел кон нив.

Инцидентот се случил кога професорката Џанг Лили заедно со неколку ученици преминувале улица и одненадеж кон нив се упатил автобус. Според очевидци, имало паркирани три автобуса на влезот пред училиштето. Третиот автобус го удрил вториот, кој поради ударот започнал да се движи кон првиот. Реагирајќи брзо, професорката ги турнала двајцата ученици од патот, но за жал, автобусот преминал преку нејзините нозе.

Заедно со професорката настрадале уште и пет други ученици, но сите имале само полесни повреди.

Чанг ЛилиЧанг Лили на својата свадба пред една година

„Кога дојдов до неа, лежеше на земја под автобусот и имаше големи скршеници. Многу од учениците рекоа дека таа ги спасила другите и дека ѝ е потребна итна помош“ – изјавил нејзин колега од училиштето.

Поради сериозноста на повредите, двете нозе на 29-годишната професорка ѝ биле ампутирани. Таа сè уште е во кома, но докторите вложуваат максимални напори да ја подобрат нејзината здравствена состојба.

Херојската постапка на младата професорка привлече огромно внимание. Сите ученици се молат за побрзо оздравување, а во болницата во која е сместена од почит пристигнуваат и луѓе кои никогаш не ја запознале, но слушнале за нејзината пожртвуваност. „Кога слушнав за нејзината храброст, ми се стопли срцето. Само сакав да покажам почит кон неа, затоа што не секој може да постапи така храбро како неа“ – изјавил еден од посетителите.

Картичка за Чанг Лили на која пишува: „Благодарам учителке. Чувај се“

Сопругот на Џанг Лили е шокиран поради инцидентот, но не е воопшто изненаден од несебичната постапка на својата сопруга. Тој изјавил дека таа била целосно посветена на својата работа и дека секој месец донирала пари за еден од своите ученици.

„Јас сум нејзина потпора, но таа е мојот свет. Џанг три години донираше секој месец по 100 јуани за момче во нејзиниот клас. Чувствувам дека имам многу да учам од неа“ – изјавил сопругот.

Според првичните информации, третиот автобус имал неисправни кочници, но шоферката го возела иако знаела за проблемот. Во моментот на несреќата, таа не сакајќи притиснала на гаста.

Tags
спасување
херој

Најнови

  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • dm

    Внатрешен мир и празнична нежност: твојот домашен спа ритуал со Balea Limited Edition производите

    Fri, 01/09/2026 - 13:51
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.