• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Продолжуваат заедничките хуманитарни активности на „Алкалоид“ и „Црвен крст“: Заедно можеме повеќе!

17 јуни 2024, 13:18
  • cподели

Масовниот одговор од страна на вработените во „Алкалоид“, на повиците за хуманост во општествени рамки, е најдоследна потврда за хуманата мисија која компанијата ја негува речиси девет децении. Одлучноста и подготвеноста за колективна помош иза брз хуманитарен одговор во заедницата, беше стартна позиција на многу значајни проекти и активности во знакот на солидарноста, реализирани под закрила на „Алкалоид“ и „Црвениот крст“.

И годинава „Алкалоид“ АД Скопје, во соработка со „Црвен крст на РСМ – Црвен крст на Град Скопје“, социјалното претпријатие „Копче“ и со „Институтот за трансфузиона медицина“, реализираше неколку хуманитарни активности, меѓу кои акции за донација на облека и на храна, како и масовна крводарителска акција.

Акција Алкалоид и Црвен крст Акција Алкалоид и Црвен крст Акција Алкалоид и Црвен крст

Во рамки на собирната акција на облека, беа донирани речиси 2 тона облека со одлична употребна вредност, додека пак, во акцијата за донација на храна беа собрани трајни намирници во количина од речиси 1 тон, наменети за помош на граѓаните кои живеат во социјален ризик. Во делот на крводарителството, продолжувајќи ја повеќедецениската традиција, во новата уште помасовна крводарителска акција „Дарувај крв, спаси живот“, повеќе од 240 алкалоидовци ја изразија својата волја и желба за доброволно дарување крв.

Акција Алкалоид и Црвен крст Акција Алкалоид и Црвен крст

Изминативе години, „Алкалоид“ има спроведено низа активности во соработка со „Црвен Крст на РСМ“ и „Црвен крст на Град Скопје“, како во делот на социјално-хуманитарната дејност, така и на полето наздравствено-превентивната дејност и крводарителството. Покрај редовните донаторски и крводарителски акции, „Алкалоид“ во 2013 година го помогна реновирањето и ребрендирањето на Дневниот центар за дарување крв и континуирано дава придонес во тековното функционирање на истиот.

Компанијата го поддржа и проектот „Водич во болница“, инициран во 2019 година, а сесрдно дава своја поддршка и придонес и на апелите на „Црвен крст“, кога станува збор за ублажување на последици од природни непогоди, како: поплави воземјата и регионот, земјотреси, рударски несреќии слични трагедии. Бездомниците, бегалците и мигрантите се исто така многу горливи категории, каде компанијата помага во смисла на одржување и задржување на интегритетот на луѓе кои против своја волја биле принудени да живеат поинаку. Една таква поголема акција наменета за овие ранливи категории, во рамки на „Алкалоид“, беше спроведена во 2015 година, кога на организираниот хуманитарен пикник, отворен за сите вработени во компанијата, беа собрани над 750.000 денари кои се донираа на „Црвениот Крст“.

Акција Алкалоид и Црвен крст Акција Алкалоид и Црвен крст Акција Алкалоид и Црвен крст

Афирмирајќи ја низ дела својата позиција на партнер на општеството, посветен на поттикнување значајни промени и остварување позитивно влијание, „Алкалоид“ континуирано ги исполнува своите заложби одкорпоративната општествено-одговорнастратегија, низ која вработените на компанијата се издвојуваат како вистински амбасадори на доброто дело.

Најнови

  • Данче Серафимова со семејството

    „По загубата на синот, се јави идејата за домашниот Природен Детергент“: Данче од Струмица за мајчинството и создавањето помалку токсичен дом

    Mon, 01/12/2026 - 20:15
  • Закон за заштита од пушење

    Стоп за пушење во кола со дете, на автобуски станици... Еве каде сè ќе биде забрането пушење со новиот закон со строги казни

    Mon, 01/12/2026 - 15:20
  • Ретко заедничко појавување на црвениот тепих: Мила Кунис и Ештон Кучер на Златен глобус по бројните критики

    Mon, 01/12/2026 - 13:39
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.