Принцезата Кетрин подари голема новогодишна елка во болницата во која примаше хемотерапија по дијагнозата со рак
Принцезата Кетрин помогна да се рашири празничната магија во болницата во Лондон, во којашто примаше превентивна хемотерапија по дијагностицирањето на рак.
Во пресрет на католичкиот Божиќ на 25 декември, 43-годишната припадничка на британското кралско семејство на болницата Royal Marsden ја донираше елката од нејзината овогодишна божиќна служба.
Од болницата споделија фотографии од украсеното дрво и напишаа:
„Благодарност до Нејзиното кралско височество принцезата од Велс, заеднички покровител на Royal Marsden со Неговото кралско височество принцот од Велс, за донацијата на величествената божиќна елка од божиќната служба ‘Together at Christmas’, одржана во Вестминстерската опатија овој месец.
Елката можете да ја видите во сиот нејзин сјај на влезот на Центарот за рак во Сатон 🎄“
Во јануари, Кетрин и Вилијам, донесоа одлука да станат покровители на болницата, во којашто таа примаше третмани во 2024 година.
Принцезата неочекувано ја посети градината на болницата за да „ја изрази својата благодарност до неверојатниот тим“ во медицинскиот центар и посвети ружа на сите оние кои го изгубија животот поради рак.