• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Преубава е“: Фотографија од бебенце со расцеп на усните и непцето стана вирален хит, доби љубов од целиот свет

20 февруари 2023, 11:00
  • cподели

Фотографија од бебенце родено со расцеп на усните и непцето предизвика лавина од љубов на социјалните мрежи.

На неа, 2-месечната Сатон слатко спие за време на фотосесија. Преслатката фотографија беше објавена на бизнис страницата на фотографката Шенон Мортон, која тврди дека воопшто не очекувала ваква реакција од светот.

Сатон

„Неверојатно е. Мислам дека ја споделив во вторникот, а до петокот наутро имаше 5 илјади допаѓања. Помислив дека е неверојатно. Погледнав еден час подоцна и бројката се удвои. Веќе беше 10 илјади лајкови и споделувања, а потоа започнаа коментарите“ – рекла таа.

Родителите на малата Сатон, Кортни и Гевин, дознале дека таа има расцеп на усните и непцето во 20-тата недела од бременоста. По нејзиното раѓање, Сатон морала да остане 18 дена во болница, бидејќи хранењето ѝ било отежнато.

Фотосесијата следувала по излегувањето од болницата.

„Немавме трудничка фотосесија или фотографии од нашиот син и навистина зажаливме што не направивме. Само што забременив со Сатон, знаев река нема да дозволам да се повтори тоа“ – рекла Кортни.

Мајката вели дека воопшто не очекувала да стане вирален хит, а уште помалку очекувала толку голема љубезност. Многу луѓе ги споделиле со нив своите искуства и приказни, охрабрувајќи ги дека сé ќе биде во ред.

Сатон

„Секогаш ги чувам децата подалеку од социјалните мрежи за нивна заштита. Никогаш не очекував дека ќе добијам толкаво внимание, а уште помалку толкава љубезност колку што ја добив во коментарите“ – рекла Кортни.

„Сите кажуваа прекрасни нешта. Многу нé охрабрија. Мислам дека најубавото нешто беше што луѓето кои имаат дете со расцеп на усните или непцето ги споделуваа своите приказни“ – рекол Гевин.

„Направивме Facebook страница само за да им го покажеме на другите нејзиното патување заедно со охрабрувачки зборови за зголемување на свеста за расцепите на усните и непцето“ – додала мајката.

Сатон

Голем број интернет корисници споделија фотографии од своите деца кои биле родени со расцеп на усните и им порачаа на родителите: „Таа е прекрасна“.

Сатон Сатон Сатон Сатон Сатон Сатон Сатон Сатон

Расцепите на усните и непцето се вродени аномалии на лицето. Проблемите поврзани со нив можат да бидат решени со помош на операции, различни стоматолошки третмани и посета на логопед.

Tags
зајачка уста

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.