• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Претседателот Стево Пендаровски и Првата дама Елизабета на проекција на „Медена земја“ покрај Атиџе

29 август 2019, 10:55
  • cподели

Стево Пендаровски организираше специјално прикажување на македонскиот документарен филм „Медена земја“ во Сули ан во Скопје.

Пендаровски и неговата сопруга Елизабета од првиот ред го проследија филмот, кој е македонски кандидат за Оскар.

56-годишниот Претседател и 47-годишната Прва дама на Северна Македонија седеа покрај Атиџе Муратова, која ја има главната улога во филмот.

Проекција на Медена Земја Проекција на Медена Земја

„Медена земја“ не е филм за мед и не носи слатка порака. Таа е освестувачка и бара да размислиме како се однесуваме кон животната средина, како влијаеме на балансот кој го прави природата и колку на сметка на конзумеристичкото однесување често забораваме дека земјата е нашиот прастар родител, колку ние ќе се грижиме за неа, така таа ќе ни врати назад. Квалитетните уметнички и културни продукти кои доаѓаат од нашата земја придонесуваат за наша промоција и афирмација во светот и затоа треба да бидат поддржани соодветно според надлежностите и можностите на секоја институција. Како претседател се залагам за еднакви можности за сите граѓани и се надевам дека ќе успеам постојано да давам простор и поддршка на креативниот потенцијал кај нас. Во пресрет на македонската премиера организиравме проекција на „Медена земја“ во Сули ан. Се надевам ќе го гледате и ќе си дозволите пораката на овој филм да ве насочи барем кон една промена за поголема грижа за природата“ – стои во пораката на Претседателот Пендаровски.

Проекција на Медена Земја

"Медена земја" носи освестувачка порака за нашиот однос кон природата и нарушувањето на балансот. Прекрасната енергија на Атиџе ја почувствувавме и во живо на неделната проекција во Сули ан на која бев домаќин. Со среќа во трката за Оскар #Honeyland pic.twitter.com/PcMNnOJRQC

— Stevo Pendarovski (@SPendarovski) August 27, 2019
Проекција на Медена Земја Проекција на Медена Земја Проекција на Медена Земја Проекција на Медена Земја Проекција на Медена Земја Проекција на Медена Земја Проекција на Медена Земја

„Медена земја“ раскажува приказна за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Главна идеја на филмот е да се прикаже припадноста на човекот кон природата и нарушување на природната рамнотежа преку судир на два различни начина на искористување на земјините ресурси.

Филмот е во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска, а продуцент е Атанас Георгиев.

Трејлер за Медена земја

Tags
Елизабета Ѓоргиевска
Стево Пендаровски

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.