• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, на доделувањето на 12. Меѓународни Медис награди за медицински истражувања

13 март 2026, 12:16
  • cподели

Љубљана, Словенија, 13 март 2026г. – Вчера, на 12 март 2026 г., во Љубљана беа прогласени деветте добитници на 12. Меѓународни Медис награди за медицински истражувања (IMA). Главен говорник на церемонијата беше д-р Наташа Пирц Мусар, претседателка на Република Словенија. Дванаесетта година по ред, овој конкурс им оддава признание на извонредните истражувачки достигнувања на лекари и фармацевти од единаесет земји од Централна и Источна Европа. Оваа година меѓу финалистите беше трудот на проф. д-р Глигор Тофоски во областа на гинекологијата.

Победиците на 12. Меѓународни Медис награди
Победици на 12. Меѓународни Медис награди 

Победици на 12. Меѓународни Медис награди се: од областа на дерматологија Јелена Петковиќ Дабиќ, Босна и Херцеговина; од гинекологија Зденек Рушави, Чешка; од интензивна медицина и анестезиологија Хелена Остовиќ, Хрватска; од неврологија Берислав Рушка, Хрватска; од офталмологија Леон Марковиќ, Хрватска; од педијатрија Михаела Рихтрова, Чешка; од фармација Милица Бајчетиќ, Србија; од пулмологија и алергологија Либорија Луговиќ Михиќ, Хрватска; од ревматологија Маркета Дудкова, Чешка.

Главен говорник на церемонијата беше д-р Наташа Пирц Мусар, претседателка на Република Словенија. На настанот таа изјави:

Д-р Наташа Пирц Мусар, претседателка на Република Словенија
Д-р Наташа Пирц Мусар, претседателка на Република Словенија

„Секој научен труд, секој експеримент, секоја студија може да биде важен чекор на долгиот пат кон меѓусебното разбирање. Кога овие чекори се поврзуваат, тие создаваат пат на учење и напредок по кој се движи целото општество. Ваквите проекти не само што придонесуваат за поголема препознатливост на нашата земја во меѓународната научна заедница, туку создаваат и платформа за средби, соработка, конструктивен дијалог и размена на знаење. Луј Пастер напишал дека науката не познава граници, бидејќи знаењето му припаѓа на човештвото и е факелот што го осветлува светот. Токму затоа научната соработка е, и мора да остане, една од најсилните основи за меѓусебно разбирање, доверба, мир и одржлив заеднички напредок.“

Тоне Стрнад, магистер по фармација, основач на Меѓународните Медис награди и на компанијата Медис, во својот говор истакна:

Тоне Стрнад, магистер по фармација и основач на Меѓународните Медис награди
Тоне Стрнад, магистер по фармација и основач на Меѓународните Медис награди 

„Меѓународните Медис награди се насочени кон лекарите и фармацевтите — сите оние кои, покрај редовната работа со пациентите, ја преземаат и дополнителната одговорност за научноистражувачка работа и на тој начин активно придонесуваат за напредокот на медицината и фармацијата. Нивните откритија се насочени кон иднината - денес сè уште не можеме да знаеме кои од овие истражувања ќе доведат до големи пробиви, но знаеме дека без нив нема напредок. Самата статуетка, наречена „Иднина“, ја симболизира токму таа отвореност — нешто ново што произлегува од знаењето и посветеноста.“

Помеѓу најдобрите во регионот меѓу финалистите беше и трудот на проф. д-р Глигор Тофоски од Македонија

Оваа година за 12. Меѓународни Медис награди беа примени 243 пријави од Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Словачка и Словенија од лекари и фармацевти кои ги објавиле своите научноистражувачки трудови во реномирани научни списанија со импакт фактор повисок од 1,500. Вкупно 196 пријави ги исполнија сите високи критериуми за номинација за Меѓународните Медис награди.

Проф. д-р Глигор Тофоски
Проф. д-р Глигор Тофоски

Меѓу 18-те финалисти од седум земји беше трудот на проф. д-р Глигор Тофоски од Македонија во областа на гинекологијата. Трудот насловен „Онколошки и исходи од бременост по третман за зачувување на плодноста со медроксипрогестерон ацетат кај жени со премалигни и малигни ендометријални лезии: серија на случаи“ беше објавен во Европско списание за хируршка онкологија, EJSO - European Journal of Surgical Oncology.  Истражувањето се фокусира на зачувување на плодноста кај жени со дијагностицирани премалигни и малигни ендометријални лезии, што претставува сè поголем клинички предизвик во современата гинекологија.

„Бидејќи сè повеќе жени го одложуваат мајчинството, а карциномските процеси сè почесто се дијагностицираат на помлада возраст, зачувувањето на репродуктивниот потенцијал стана суштински дел од онколошката грижа насочена кон пациентот. Студијата ја проценуваше и онколошката безбедност и репродуктивните исходи, обезбедувајќи вредни долгорочни податоци за изводливоста на овој пристап. Резултатите покажуваат дека, под внимателен надзор од искусни клиничари и со строго почитување на протоколите засновани на докази, кај внимателно избрани пациентки може да се понуди конзервативен третман со прифатливи онколошки резултати и можност за идна бременост.“  – изјави проф. д-р Глигор Тофоски, Раководител на одделот за инфертилитет и асистирана репродукција при ЈЗУ Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

12.  Меѓународни Медис награди за медицински истражувања

За д-р Тофоски, медицината е сложена, но благородна професија изградена врз три суштински столба.

„Покрај емпатијата и образованието, третиот важен столб е научната работа, која е природна одговорност да се набљудува, документира, учи и споделува знаење на меѓународно ниво, со цел да се зајакне практиката заснована на докази, а со крајна цел да се подобри грижата за пациентите. И во таа насока Меѓународните Медис награди се одлична платформа за споделување и  соединување на искуствата.“ – додава д-р Тофоски.

Поттикнување на знаењето и иновациите во Централна и Источна Европа

Маја Стрнад Цестар, магистер по економски науки и извршна директорка на Медис, ја објасни важноста од поддршката на наградите:

„Медис речиси 40 години обезбедува пристап до современи терапии во земјите од Централна и Источна Европа. Веруваме дека поттикнувањето на истражувањето во овие земји е една од најважните инвестиции во иднината и во подобар квалитет на живот за сите нас. Затоа чувствуваме одговорност да ги поддржуваме и истакнуваме врвните достигнувања во медицината и фармацијата, кои претставуваат темел на напредокот и на новите терапии. Праведно е да се препознаат најдобрите меѓу нив, бидејќи нивната работа носи надеж за нови третмани и подобра иднина за пациентите.“

12.  Меѓународни Медис награди за медицински истражувања
Tags
Меѓународни Медис награди за медицински истражувања

Најнови

  • Петар Кироваков

    „Изгледаше предобро за да биде вистина“: Прилепчанецот Петар Кироваков за предавањето на престижниот „Warwick Business School“

    Fri, 03/13/2026 - 13:41
  • Победиците на 12. Меѓународни Медис награди

    Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, на доделувањето на 12. Меѓународни Медис награди за медицински истражувања

    Fri, 03/13/2026 - 12:16
  • Okaidi

    Новото Okaïdi онлајн искуство: побрзо, полесно и поубаво шопинг патување

    Fri, 03/13/2026 - 12:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.