„Престара за Лео Дикаприо“: Елена Ѓорговска го прослави роденденот во секси црвен стајлинг
Откако посети неколку атрактивни дестинации низ Европа и го прослави роденденот во Белград, Елена Ѓорговска се врати во Македонија.
Атрактивниот модел, која неодамна дипломираше медицина, роденденската прослава ја продолжи и во Скопје.
За двете пригоди, Елена избра црвени стајлинзи, а свеќичките ги дувна на две различни торти. На едната од нив пишуваше „Престара за Лео Дикаприо“, духовита алузија на често коментираниот факт дека холивудскиот актер во минатото беше познат по врските со значително помлади жени, често русокоси.
За забавата во Белград, Елена носеше син фустан.
