• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Прегратка посилна од бурата: Приказна за две жени сред ужасното невреме во Скопје ќе ве разнежни

22 јули 2026, 08:23
  • cподели
Фотографија генерирана со вештачка интелигенција

Неколку минути беа доволни Скопје да се најде во тотален хаос. Силниот ветер уриваше кровови, корнеше дрвја и носеше сè пред себе. Но, среде тој ужас и паника, на една обична автобуска станица се случи сцена која го запре времето.

Додека стихијата ги поместуваше од место, две жени го послушаа сопствениот инстинкт. Тие се прегрнаа силно и не се пуштија сè додека бурата не стивна, покажувајќи дека во најтемниот момент, најсилното засолниште го наоѓаме едни во други.

Сведок на случката беше Гаврило Миловановиќ, кој ја раскажа на социјалните мрежи.

Неверојатна сцена. Од прозор кон автобуска гледам како летаат чаршафи и кровови додека 2 жени во пластичната отворена чекална чекаат автобус. Ветрот почна буквално да ги треска од клупа и од земја како на филм од Хичкок. Од спротива за дрво се држи еден господин кој исто не може да им пристапи.

Стануваат госпоѓите некако обидувајќи се да си помогнат меѓусебно и одеднаш се гушнаа. 🫂 Така останаа цели 3 минути додека не заврши невремето. Фасцинантно е колку основното познавање од хемија и физика помага кога знаеш за тежа и оска и температура. но уште пофасцинантно е тоа што ова беше интуиција, емпатија, потреба од човечка гушка во најтешките мигови, космос, љубов, бог. Доказот  дека човек е најубав кога е заедно...

Најнови

  • Марк Антони го доби ОСМОТО дете, второ со мисицата Надја Фереира која е двојно помлада од него

    Wed, 07/22/2026 - 09:46
  • Прегратка посилна од бурата: Приказна за две жени сред ужасното невреме во Скопје ќе ве разнежни

    Wed, 07/22/2026 - 08:23
  • Мел Си од Spice Girls се омажи во венчаница од Викторија Бекам, свадбата како од бајките

    Tue, 07/21/2026 - 22:50
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.