• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Прецизна селекција на ембриони со PGT-А: иднината на ин витро третманот

29 мај 2025, 11:28
  • cподели

Сѐ поголем број парови се соочуваат со потешкотии во остварување на бременост, поради возраст, генетски фактори или неoбјасниви медицински причини.

Благодарение на напредокот во репродуктивната медицина, сега е возможно да се направи прецизна генетска анализа на ембрионите пред нивно враќање во матката на жената. Една од најсовремените методи што се користи во овој контекст е PGT-А (Preimplantation Genetic Testing for Aneuploidy).

PGT-А

Што претставува PGT-А?

PGT-А е генетска анализа која се спроведува врз ембриони создадени преку ин витро фертилизација (IVF). Со оваа метода, се проверува дали ембрионот има правилен број на хромозоми – состојба позната како еуплоидија. Само еуплоидните ембриони имаат поголем потенцијал за успешна имплантација, бременост и раѓање на здраво бебе .

Методата вклучува биопсија на неколку клетки од ембрионот, кои потоа се анализираат во специјализирана генетска лабораторија.Процесот е безбеден за ембрионот и овозможува подобра селекција пред ембриотрансферот.

Кои се придобивките од PGT-А?

Според водечките европски и американски клиники за плодност, PGT-А овозможува:

  • Значително зголемување на шансите за успешна имплантација
  • Намалување на ризикот од спонтани абортуси, особено кај жени над 35 години
  • Селекција на ембриони со најголем потенцијал, со што се избегнуваат неуспешни циклуси
  • Превенција од пренесување на хромозомски аномалии на потомството

Шансите за успех - бројки што значат многу

Истражувањата покажуваат дека стапката на успешност по PGT-А селекција се зголемува значително во сите возрасни групи:

  • До 35 години: 70–75%
  • 35–39 години: 65–70%
  • 40–42 години: 60–65%
  • Над 42 години: 50–55%

Како што жената старее, шансите за природно зачнување опаѓаат, а бројот на анеуплоидни ембриони (со генетски грешки) расте. Поради тоа, PGT-А станува сѐ почест избор, особено кај пациентки со повеќе неуспешни IVF циклуси или претходни абортуси.

Искуството во Newborn Clinic

Во Newborn Clinic, неколку пациентки веќе го избраа PGT-А како дел од нивниот ин витро третман. Тимот на клиниката соработува со светски призната генетска лабораторија, овозможувајќи највисоко ниво на прецизност и грижа. Резултатите од првите циклуси се ветувачки и се очекуваат позитивни исходи.

„Нашата цел е да ги поддржиме паровите не само со стандардна терапија, туку и со напредни методи кои нудат реални резултати. PGT-А е дел од иднината на IVF“, велат од тимот на клиниката.

Кога да размислувате за PGT-А?

Овој тест може да биде од голема помош за:

  • Парови со повеќе неуспешни IVF обиди
  • Жени над 35 години
  • Случаи со историја на спонтани абортуси
  • Пациенти со познати хромозомски абнормалности
  • Парови кои сакаат да го минимизираат ризикот од генетски нарушувања кај потомството

Ако размислувате за IVF или сакате да дознаете дали PGT-А е соодветен за вас, консултирајте се со специјалистите на Newborn Clinic. Тимот е достапен за индивидуални консултации и креирање на персонализиран план за третман.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.