• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Празнична радост: Добродушни лица ги „маскираа“ количките на болни дечиња за Халовин

30 октомври 2017, 10:57
  • cподели

Болните дечиња кои се принудени да користат количка често се соочуваат со пречки во дружењето со своите врсници. Со цел да им овозможат рамноправна забава со останатите деца за Ноќта на вештерките, вработени и волонтери во болница за детски заболувања во Јута ги претворија количките на 21 млад пациент во забавни маски.

Маскирани колички Маскирани колички

Директорот на болницата, Мет Ловел, добил идеја за ваква акција откако слушнал како родители на болни дечиња се жалат дека не можат да изработат интересни маски кои вклучуваат и количка. Идејата за првпат била реализирана минатата година, кога биле направени само 6 маски. Годинава вработени и волонтери направиле 21 маска.

Маскирани колички Маскирани колички

Родителите на децата исто така учествувале во процесот на изработка на маските, а децата биле пресреќни додека ги гледале подготовките за Ноќта на вештерките. „Овие деца се толку храбри. Имаат поминато низ толку многу во нивните млади животи и беше прекрасно чувство да се видат толку возбудени и да се знае дека ќе се забавуваат исто како и другите деца кои немаат вакви тешкотии. Децата само сакаат да бидат деца. Кое дете не сака кул костим кога оди да собира слатки за Халовин?“ – вели Ландон ДеГармо, еден од болничарите кои учествуваа во акцијата.

Маскирани колички Маскирани колички Маскирани колички Маскирани колички Маскирани колички Маскирани колички Маскирани колички Маскирани колички Маскирани колички Маскирани колички Маскирани колички Маскирани колички Маскирани колички
Tags
хумано дело

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.