• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Празнична донација од Стопанска банка АД – Скопје за народните кујни

31 декември 2013, 13:32
  • cподели

Овие празници, сите посакуваме радост, љубов и повеќе време поминато со најблиските во топла атмосфера. Поттикнат од овие желби, Управниот одбор донесе одлука Стопанска банка АД – Скопје средствата кои се предвидени за корпоративни подароци да ги посвети на донација за народните кујни.

Донација од Стопанска банка АД – Скопје

„Со честитката за новата година и претстојните празници сакавме да им овозможиме и на нашите сограѓани, корисници на услугите на народните кујни, услови за празнична трпеза со своите семејства. Токму затоа одлучивме да направиме вредна донација со која ќе допринесеме за заедницата од која потекнуваме“ – изјави Диомидис Николетопулос, генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје.

Во координација со одговорните лица од Министерството за труд и социјална работа избрани беа народни кујни кои имаат најголема потреба од помош во овој период од годината. Оттука, во народните кујни во Општините: Пробиштип (Злетово), Кочани, Чешиново-Облешево, Свети Николе, Радовиш, Конче, Делчево, Штип, Македонска Каменица и Центар, Скопје, банката ќе достави прехранбени продукти кои кујните ќе ги дистрибуираат до своите корисници од 30.12.2013 година. Вработени од Стопанска банка АД – Скопје со желба дополнително да ја поддржат акцијата на банката ќе бидат волонтери во народните кујни и ќе помогнат при дистрибуцијата на прехранбените продукти до корисниците.

Донација од Стопанска банка АД – Скопје

На овој начин, вработените и менаџментот на банката на влезот во 70-тата годишнина, заедно придонесуваат во развојот и негувањето на култура на општествено одговорно однесување не само во Стопанска банка АД – Скопје туку и во нашите семејства и заедници каде делуваме.

Најнови

  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • dm

    Внатрешен мир и празнична нежност: твојот домашен спа ритуал со Balea Limited Edition производите

    Fri, 01/09/2026 - 13:51
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.