• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Правам сè што правите вие, само со една рака“: Мајка напиша CV со вештини стекнати со мајчинството

25 март 2021, 08:20
  • cподели

Мајчинството можеби е најтешката работа на светот, а вештините кои се стекнуваат од ова животно искуство се за восхит.

Сидни Вилијамс е мајка на две деца и маркетинг директорка, која напиша CV во кое ги вклучи само вештините кои ги стекнала како мајка.

Откако ќе го прочитате, со сигурност ќе се согласите дека овие способности ја прават секоја мајка квалификувана за многу работни позиции.

Мајка која работи

Бев љубопитна како би изгледала мојата биографија ако ја напишам наново и ако ги вклучам само вештините кои ги научив како нова мајка. Еве што напишав:

  • Правам сè што правите и вие, но го правам со една рака. Буквално. Го држам тоа што е важно (помош: моето бебе) во едната рака со сета сила која ја имам, додека со другата жонглирам со милионите дневни обврски. Поставувам приоритети безмислосно. Секој ден, растам сè посилна и поефикасна како резултат на тоа.
  • Мислам 10 чекори предвреме. Секој ден е сложувалка од 50+ делови со кои управувам со способности, стратегија и среќа.
  • Одржувам позитивност, дури и кога трпеливоста ми е при крај. Мојот тим има бурни изливи на емоции, нови предизвици никнуваат секојдневно. Сето тоа го водам со емпатија, ги слушам дебатите и охрабрувам решенија преку компромис.
  • Се адаптирам. Земам сè што животот (или моето 2-годишно дете) ќе фрли врз мене и се адаптирам да бидам лидерот кој е потребен – најчесто со малку спиење, со малку време. Останатите улоги се (но списокот е бескраен): учителка, готвачка, медицинска сестра, фризерка, чистачка, градежна работничка, шоферка, преговарачка за заложници, шивачка, инженерка, преведувачка, инструкторка за пливање, терапевтка, стилистка.
  • Водам со емпатија. Мојот тим секогаш е на прво место. Работам за него.
  • Жестоко се борам во име на мојот тим.
  • Комуницирам моќно и тоа секогаш вродува со плод. Се фокусирам на јасна комуникација која води до разултати кои поттикнуваат промени.
  • Им давам приоритет на интегритетот и искреноста. Сè што е помалку е неприфатливо.
  • Константно барам подобри начини. Можете да ме најдете како повторувам сè, од подобрување на процесот, развој на производи, па сè до алатки за комуникација. Креативноста е основа во мојата работа.
  • Ја ценам соработката. Тимската работа е клуч на мојот успех. Градам и негувам односи помеѓу различни групи на луѓе со цел да го поддржам, воздигнам и одржам соживотот помеѓу мојот тим.
  • Го правам сето тоа за едно мало „Фала“ и се будам секое утро за да го правам тоа повторно, поради мојата способност да наоѓам радост и љубов во мојата работа.

Најнови

  • Скопје новогодишно украсено

    Празнична бајка во Скопје: Свечено осветлена елката на плоштадот Македонија

    Mon, 12/15/2025 - 21:45
  • „Сестра ми умре?“: 10-годишната Матилда си играла пред да биде убиена пред очите на помалата сестра во масакрот во Сиднеј

    Mon, 12/15/2025 - 13:12
  • Државна лотарија

    Богати празници со „Лото 7“: 7-ка над 1.000.000 евра може да оствари повеќе од еден сон

    Mon, 12/15/2025 - 13:06
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.