• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Позитивно видео: Посвоени мали дечиња повторно се среќаваат откако биле разделени во сиропиталиште

15 септември 2016, 13:00
  • cподели

Средбата на две посвоени дечиња, кои биле разделени во сиропиталиште по посвојувањето на едно од нив, ќе ви го стопли срцето.

Видео

4-годишната Хана и 3-годишниот Даусон биле неразделни пријатели во сиропиталиште во Кина, но откако Хана била посвоена од семејство од САД, нивното другарување било прекинато. За среќа, Шерон, жената која ја посвоила Хана, веќе ја имала забележано нивната посебна врска и откако се вратила во Америка, започнала потрага по семејство кое би го посвоило Даусон.

Хана и Даусон Хана и Даусон

„Кога го напуштавме сиропиталиштето и видов како се однесуваат еден спрема друг, си помислив: Боже. Не можам да го оставам ова момче во Кина“ – рекла Шерон, чиј апел за посвојување на Даусон брзо наишол на позитивен одѕив и тој бил посвоен.

Видеото од средбата на аеродром меѓу двете дечиња доволно зборува за нивното пријателство. „Се гушнаа околу 400 пати. Продолжуваа да се гушкаат додека не станеа толку зашеметени што паѓаа“ – рече Ејми, жената која го посвои Даусон.

Хана и ДаусонСемејствата кои ги посвоија дечињата

Двете мајки го споделија видеото со цел да поттикнат и други лица да посвојат дете од сиропиталиште. „Ова е прекрасна опција за семејствата и се надевам дека ќе ја земат предвид. Мислевме дека правиме нешто добро за овие деца, но на крајот ние бевме тие кои беа благословени. Нашите животи станаа толку богати“ – вели Шерон.

Хана и ДаусонДаусон со новото семејство
Tags
посвојување

Најнови

  • Филип Кузмановски и бремената сопруга Моника со слатка фотосесија со синчето пред раѓањето на второто дете

    Tue, 08/04/2026 - 09:05
  • Концерт на Слаткар во Охрид

    Пееше со синчето Моша и славни пријатели, им оддаде почит на ДНК, Владо и Тоше... Слаткар со спектакуларен концерт во Охрид

    Tue, 08/04/2026 - 02:55
  • Драгана и Душко Чифлиганец

    „Празнина како вулканска дупка“: Сестрата на Душко Чифлиганец се врати на местото каде тој загина една година по неговата смрт

    Mon, 08/03/2026 - 22:45
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.