• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Повратни авионски билети од Скопје во Европа веќе од 139 ЕУР

25 септември 2012, 12:19
  • cподели

Croatia Airlines, хрватскиот национален превозник и членка на групацијата Star Alliance, во викендот кој е пред нас воведува посебна акција со уште поповолни цени на меѓународни авионски билети.

Од петок, 28 септември, до недела, 30 септември 2012, повратни авионски билети за летови од Скопје во европските дестинации на Croatia Airlines (преку Загреб) може да се купат веќе од 139 евра. Во цената на билетот се вклучени аеродромските такси, надомест за издавање на авионскиот билет (TSC), потоа бесплатен превоз на едно парче багаж до 23 кг, храна и пијалоци во авион, печат, а патниците со летање собираат и наградни милји.

Повратни авионски билети за 139 евра

Акцијата посебно се однесува на авионските билети купени на интернет страницата www.croatiaairlines.com, а за билетите купени на другите продажни места Croatia Airlines наплатува дополнителни 30 Еур (TSC).

Во оваа посебна понуда на располагање се повратни авиобилети за летови од Скопје (преку Загреб) до Амстердам, Виена, Брисел, Франкфурт, Истанбул, Копенхаген, Лондон, Минхен, Париз, Подгорица, Приштина, Рим, Сараево и Цирих.

Бројот на билети по цена од 139 eвра е ограничен, а билетите треба да се искористат во периодот од 22 Октомври 2012 година до 24 Март 2013 година.

На патниците од Македонија така им се овозможуваат поволни услови за секојдневни летови во Европа (преку Загреб), затоа што авионите на Croatia Airlines директно ги поврзуваат Скопје и Загреб секој ден во неделата.

Вреди да се спомене дека патниците на Croatia Airlines истовремено се и патници на авионската групација Star Alliance, и може да користат и многу други поволности од глобалниот производ на оваа групација.

Повеќе информации за промотивните билети и условите за патување може да се најдат на www.croatiaairlines.com, или да се добијат во преставништвото на Croatia Airlines на Аеродром Александар Велики - Скопје на следните телефонски броеви (2) 3148-390, 3296-969 и 3296-967, и во Контакт центарот на телефон (+385-1) 6676 555.

Croatia Airlines

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.