• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Повисоки плати и месечни бонуси за вработените во Веро и Jumbo

13 март 2023, 09:34
  • cподели

Линеарно зголемување на платите и воведување месечни бонуси за вработените во Веро и Jumbo маркетите се мерките што ги презема менаџментот на компанијата со цел да го подобри животниот стандард на своите вработени. Грижата за вработените и обезбедувањето најповолни услови за работа останува приоритет на менаџерскиот тим на Веро, особено во овој период кога земјата се соочува со зголемена инфлација и пораст на трошоците за живот.

Веро Тафталиџе

Со исплатата на февруарската плата, околу 1.000 вработени во Веро и Jumbo маркетите ќе добијат зголемени нето-плати до 3.000 денари. Ова е втор поголем финансиски надомест за вработените во компанијата за четири месеци, откако во ноември менаџментот донесе одлука да им исплаќа месечен бонус од 2.000 денари. Исплаќањето на овој месечен бонус за вработените се воведе како редовна практика со цел компанијата дополнително да ги мотивира сите вработени и континуирано да го наградува трудот на најпосветените работници. Зголемувањето на платите и исплатата на месечните бонуси за само четири месеци значително ги придвижува нагоре месечните примања на вработените.

Од менаџерскиот тим на Веро истакнуваат дека како работодавец компанијата секогаш наоѓа соодветен начин да им обезбеди бенефиции на своите вработени, дури и во кризни периоди.

„Веро е на македонскиот пазар 25 години, период во кој константно инвестираме во маркетите, услугите и во нашите вработени. Покрај во нивниот финансиски бенефит, вложуваме и во едукација и развој на тимот вработени со што креираме одлична клима за градење професионална кариера и личен развој. Грижата за вработените и нивната финансиска стабилност се наш приоритет бидејќи на тој начин обезбедуваме стабилност и просперитет на околу 1.000 семејства во земјава“ – вели Петар Денковски, генерален менаџер на Веро.

Зголемувањето на платите и воведувањето на други финансиски бенефиции за вработените доаѓа во период кога Веро интензивно инвестира во отворање нови маркети. Во моментов во тек се градежни активности за отворање нов Веро и Jumbo маркет во Куманово, како и на уште еден маркет во Скопје во рамки на новиот трговски центар „Дајмонд“ кој наскоро треба да се отвори.

Комерцијален текст

Tags
Веро
Jumbo

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.