• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Поубаво нешто немам видено“: Топол поздрав на полуматуранти и првачиња во училиште во Скопје

27 мај 2026, 15:36
  • cподели

Од основното училиште „Његош“ – Јурумлери во Скопје објавија емотивно видео од топол поздрав помеѓу полуматурантите и идните првачиња, кое инстантно стана хит.

Учениците кои годинава ја слават својата полуматура и го завршуваат деветгодишното образование на прекрасен начин го заокружија својот престој во училишните клупи. Тие симболично се поздравија со идните првачиња, малите дечиња кои од септември за првпат ќе седнат во истите тие клупи и ќе го започнат своето образовно патување.

„Кругот на животот“ – стои во описот на видеозаписот од овој потег, кој доби многу комплименти на социјалните мрежи.

„Поубаво нешто немам видено, респект за идејата“, „Смена на генерации, емотивно. Среќно на големите во светот на големите и среќно на малите во нови предизвици и раснење во големи луѓе“ и „Браво, преубаво видео полно емоции“ – се дел од коментарите на социјалните мрежи.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by ООУ ,,Његош” (@oou_njegos)

Видеото брзо стана вирално токму поради својата едноставна, но силна порака. 

Додека полуматурантите со кренати глави и нови соништа чекорат кон средношколските денови, зад себе оставаат прекрасен пример за тоа како се пречекуваат новите генерации.

Tags
ученици

Најнови

  • Бременоста ја чуваше во тајност, бебето го крсти по себе... Манекенката Александра Накова го роди второто дете

    Wed, 09/02/2026 - 15:01
  • Маја Кикириткова, Антонијо Милошоски, Пере Нокаут... Еве кои познати Македонци за првпат ги испратија децата во училиште

    Wed, 09/02/2026 - 14:03
  • Уникатно и романтично: Ја запроси саканата на 71. кат додека надвор леташе хеликоптер со натпис „Дали ќе се омажиш за мене?"

    Wed, 09/02/2026 - 13:35
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.