• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Потег за аплауз: ФФМ обезбеди бесплатен влез за деца ученици со родители на натпреварот Македонија – Казахстан

13 октомври 2025, 15:05
  • cподели

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека на денешниот натпревар Македонија – Казахстан влезот на источната трибина ќе биде бесплатен за сите ученици од основните училишта придружувани од родител.

Дополнително, тука ќе можат да влезат и младите фудбалери придружувани од своите тренери од Детска лига, фудбалските школи од регионалните лиги и сите млади категории во системот на натпреварување на ФФМ.

Потегот веднаш наиде на позитивни коментари и пофалби што им се дава можност на најмладите одблизу да ја доживеат атмосферата и да ги бодрат своите фудбалски херои.

Еве го соопштението на ФФМ:

ФФМ

Ги повикуваме навивачите да пристигнат најдоцна еден час пред почетокот на натпреварот и да ги заземат своите места навреме.

Препорачуваме пристигнување пеш или со јавен превоз, бидејќи паркирањето околу Арената ќе биде ограничено (освен за акредитирани возила).

Лица од eticket.ffm.com.mk ќе ги проверуваат билетите, а вие порано подгответе се за проверка.

Забрането е внесување чадори, големи торби, шишиња, запалки, пиротехнички средства, знамиња и транспаренти со несоодветна содржина.

Влезот е бесплатен на источната трибина за младите фудбалери придружувани од своите тренери од Детска лига, фудбалските школи од регионалните лиги и сите млади категории во системот на натпреварување на ФФМ.

Исто така, влезот на источната трибина е бесплатен за сите ученици придружувани од својот родител од основните училишта.

Натпреварот меѓу Македонија и Казахстан започнува во 20:45 часот.

Најнови

  • Клиника Жан Митрев

    Летните попусти во Клиника Жан Митрев продолжуваат до 31 август

    Fri, 08/21/2026 - 15:26
  • Flowers Symphony

    „Flowers Symphony“ како круна на летото: Оркестар DIVA со извонредни концерти во Битола и Охрид

    Fri, 08/21/2026 - 15:08
  • Скопско

    ОСВЕЖУВАЊЕТО ПРИСТИГНА: Со забава во срцето на Дебар Маало, СКОПСКО го претстави новиот Скопско мурал и освежениот изглед на пакувањата

    Fri, 08/21/2026 - 14:38
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.