• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Пошумуваме заедно за позелено утре: Почеток на 3-тата сезона на еко-проектот на dm, приклучете се на пошумувањето на 24 ноември!

1 ноември 2024, 12:19
  • cподели

Компанијата dm со гордост ви го најавува третото продолжение на еко-проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“! Овој проект тие го започнаа во 2022 година, а до сега посадија речиси 60.000 нови садници. Оваа година имаат за цел да ја стигнат спектакуларната бројка на 100.000 засадени дрвја!

Започнуваат во Скопје, со уредување на „Рајски парк“ во општина Аеродром, каде ќе засадат повеќе од 300 нови дрвја, а продолжуваат со хортикултурно уредување на дворовите на ОУ „Славејко Арсов“ и детската градинка „Сончогледи“ во Штип.

Сезоната ја затвораат на 24 ноември, кога заедно со сите нас ќе реализираат уште едно масовно пошумување во близина на Велес, во близина на езерото Младост, на површина која беше неодамна уништена од пожар.

Приклучете се на масовното пошумување во близина на Велес со пополнување на оваа пријава! Пријавувањето трае до 15 ноември.

dm

Пошумуваме заедно! Засади денес, за позелено утре.

Главниот мотив за започнување на проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре” лежи во стратешката определба, која постои уште од самото основање на компанијата,  да се грижат за животната средина, а притоа да ги мотивираат своите вработени, како и други поединци и компании да го сторат истото, придонесувајќи кон создавање на поздрава животна средина за сите нас и за идните генерации. Не треба да го игнорираме фактот дека природата може без нас, но ние не можеме без неа. Должни сме да ги чуваме и да ги обновуваме природните ресурси, за да можеме адекватно да одговориме на сите предизвици што ни претстојат. А, тоа сакаат да го направат преку зачувување и обновување на шумите, кои се нашиот главен извор на кислород и симбол на животот.

Од компанијата велат дека во нивната корпоративна општествена одговорност, садењето дрва е повеќе од само еколошка иницијатива. Тоа е начин на кој тие, како компанија, покажуваат дека се посветени на создавање подобро утре. Со секое засадено дрво, тие вложуваат во нашата планета, во нашата заедница и во нашите вредности. Затоа приклучете се во овој еко-проект и проширете ја веста на вашите најблиски!

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.