• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Последни недели за пријавување проекти на платформата „Иднина која инспирира“ на dm

8 јули 2026, 14:01
  • cподели
Иднина која инспирира на dm

Организациите, здруженијата, институциите, образовните установи и другите правни субјекти имаат уште неколку недели да ги пријават своите проектни идеи на платформата „Иднина која инспирира“, преку која компанијата dm drogerie markt поддржува иницијативи што создаваат позитивни промени во заедницата. Повикот е отворен до 31 јули 2026 година, а интересот досега покажува дека постојат бројни идеи кои можат да придонесат за подобар живот на луѓето и заедницата.

Платформата е создадена со цел да им даде можност на проектите со општествена вредност да добијат поддршка и да се реализираат. Таа ги обединува иницијативите што нудат конкретни решенија за реални предизвици и придонесуваат кон создавање поинклузивна, посолидарна и поодржлива заедница.

Меѓу веќе пријавените проекти се издвојуваат иницијативи од различни области, што уште еднаш потврдува дека позитивните промени можат да започнат на многу начини. Еден од нив е „Нуркачка Еко Патрола“, проект насочен кон истражување и мапирање на загадувањето со цврст отпад на вливовите на реките во Охридското Езеро. Преку професионални нуркачки активности, подводно снимање и анализа на состојбата, иницијативата има цел да придонесе за подобра заштита на езерото, но и да ја поттикне јавната свест за значењето на зачувувањето на природните богатства.

Иднина која инспирира на dm

Во сосема поинаква област е проектот „Women Rise Hub“, кој отвора нови можности за жените преку едукација, дигитална трансформација и претприемништво. Со обуки, менторска поддршка, вмрежување и практична примена на современи технологии, проектот има за цел да ги зајакне дигиталните компетенции на жените и да придонесе кон нивниот професионален и економски развој.

Љубовта кон македонскиот јазик и неговото богатство е во фокусот на проектот „Јазичната ризница на Македонија“, кој преку интерактивни содржини, активности во училиштата и градинките и вклучување на различни генерации ја доближува јазичната култура до најмладите. На овој начин, проектот придонесува за зачувување на јазичното наследство и негово пренесување на идните генерации.

Овие примери се само мал дел од проектите што веќе се пријавени на платформата и покажуваат дека секоја идеја има потенцијал да создаде вистинска вредност кога е насочена кон потребите на заедницата. Токму затоа dm ги повикува сите организации и институции што развиваат вакви иницијативи да ја искористат можноста и да го пријават својот проект на следниот линк.

На платформата може да се аплицира со проекти што се однесуваат на една од трите области на дејствување: солидарност и меѓусебна поддршка, развој и напредок преку еднаквост, инклузија и образование и грижа за животната средина и одговорно дејствување во согласност со природата. Ќе бидат земени во предвид само иницијативи што вклучуваат волонтерски ангажман, ги поврзуваат луѓето околу заедничка цел и поттикнуваат активно учество во заедницата.

По затворањето на повикот, сите пристигнати проекти ќе поминат низ процес на ревизија и евалуација, по што ќе бидат избрани иницијативите што ќе добијат поддршка од dm. Проектите што ќе бидат избрани ќе бидат објавени од септември 2026 година, а нивната реализација ќе придонесе за создавање позитивни промени во заедниците низ државата.

„Иднина која инспирира“ не е наменета само за организациите што развиваат проекти. Платформата овозможува и поединците да ги споделат своите волонтерски искуства и општествено одговорни иницијативи, со што добрите примери добиваат поголема видливост и можат да поттикнат уште повеќе луѓе активно да се вклучат во создавање позитивни промени во заедницата.

Повикот за пријавување е отворен до 31 јули 2026 година. Доколку имате проект или волонтерски ангажман, ова е можност вашата идеја да стане дел од платформата „Иднина која инспирира“ и да се приклучи на бројните иницијативи што веќе инспирираат подобра иднина.

Tags
dm
Иднина која инспирира

Најнови

  • Врсничко насилство

    Кривични пријави за 4 деца и 5 родители за случајот со врсничкото насилство врз 12-годишното девојче во Аеродром

    Wed, 07/08/2026 - 14:29
  • Иднина која инспирира на dm

    Последни недели за пријавување проекти на платформата „Иднина која инспирира“ на dm

    Wed, 07/08/2026 - 14:01
  • Маја Кикириткова: „Некоја мајка анализира дали имало дупчиња на бенкицата, моите деца голи лежеа во инкубатор на ГАК“

    Wed, 07/08/2026 - 13:19
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.