• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Последната желба на Милан Завков оживува на концертот „Миланова игра“ на 27 март во Филхармонија

7 март 2026, 20:13
  • cподели

На 27 март, во Македонската филхармонија, со почеток во 20 часот, ќе се одржи концертот „Миланова игра“ – вечер посветена на творештвото на маестро Милан Завков, еден од најзначајните македонски композитори и виртуози на хармоника.

Картите за концертот се достапни на mktickets.mk   

Миланова игра



Со своето долгогодишно творештво, Завков остави значаен белег во македонската изворна и новокомпонирана народна музика, создавајќи композиции и ора кои денес се дел од колективното музичко наследство. Неговиот препознатлив стил и виртуозност придонесоа народната музика да добие нова уметничка димензија и да остане жива низ генерации музичари и публика.

Програмата на концертот вклучува избрани вокални и инструментални композиции од опусот на Завков, во нови аранжмани на врвните аранжери Дамир Имери и Дарко Илиевски, изведени од специјално оформен камерен оркестар. Концертот дополнително ќе биде збогатен со настапите на специјалните гости: Наум Петрески, Зуица Лазова, Сузана Спасовска, Горан и Ленче Кукиќ, како и Дино Имери на пијано и Катарина Броња на флејта.

„'Миланова игра' претставува исполнување на една од неговите последни желби – неговата, но и македонската народна музика, да добијат нов живот во современ формат кој ја задржува нивната автентичност, а истовремено им дава нова уметничка димензија. Токму преработката на „Ревиско оро“, во изведба на Дино Имери, беше инспирацијата за оваа идеја. Со овој концерт сакаме да ја исполниме таа негова желба и повторно да ја донесеме неговата музика пред публиката.“ – велат од семејството Завкови.

Дознајте повеќе на линкот и бидете дел од ова посебно музичко доживување.

Миланова игра
Миланова игра
Миланова игра
Tags
Милан Завков

Најнови

  • Миланова игра

    Последната желба на Милан Завков оживува на концертот „Миланова игра“ на 27 март во Филхармонија

    Sat, 03/07/2026 - 20:13
  • Наташа Андонова

    Најдобрата македонска голгетерка Наташа Андонова за фудбалот: „Имаше коментари ‘Ова не е за девојчиња’“

    Sat, 03/07/2026 - 17:54
  • Кога рестрикциите создаваат нови проблеми: искуствата од Европа

    Sat, 03/07/2026 - 15:34
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.