„Посетата на пирамидите беше мој животен сон“: Роузи Хантингтон-Вајтли и Џејсон Стејтам на авантура во Египет
Роузи Хантингтон-Вајтли и Џејсон Стејтам си остварија животен сон.
39-годишната манекенка и 58-годишниот актер отсекогаш сонувале еден ден да одат на патување во Египет, а сега нивната желба се исполни.
На Instagram, поранешниот ангел на Victoria’s Secret сподели фотографии од пустинската авантура, опишувајќи ја посетата на пирамидите во Гиза како едно од најпосебните искуства во животот.
„Најневеројатните неколку дена во Египет. Посетата на пирамидите во Гиза беше животен сон“ – напиша Роузи.
Освен разгледувањето на светски познатите пирамиди, парот го посетил и музејот Grand Egyptian, каде што имале можност одблизу да ги истражат древните египетски артефакти.
Роузи откри дека патувањето имало и спортска позадина. Со Џејсон отпатувале во Египет за да го поддржат нивниот пријател, кикбоксерот Рико Верховен, кој се бореше против светскиот шампион Александар Усик. Иако Верховен не успеа да победи, таа борбата ја опиша како „една од најелектричните и најнезаборавните“ кои некогаш ги гледале.
„Дисциплината, срцето и решителноста беа навистина инспиративни. Многу сме горди на Рико“ – напиша таа.
Парот присуствуваше и на премиерата на „7 Dogs“ во Каиро.