• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Портрети со душа: Емотивната изложба „Пркос кон заборавот“ на фотографката Ивона Кочов

18 август 2025, 10:50
  • cподели

Емоции, носталгија и длабока благодарност кон личности кои оставиле значаен белег во духот, културната меморија и секојдневието на битолчани ја исполнија Кристалната сала на Офицерскиот дом, на отворањето на втората самостојна изложба на Ивона Кочов.

Изложбата „Пркос кон заборавот“, која се одржа во рамките на „Битфест“, претставува интимен омаж на луѓе кои својот живот го изградиле со труд, истрајност и посветеност. Портретите со душа се сведоштва за минливоста на времето, но и за дух кој не дозволува да биде избришан. Секоја фотографија открива дел од една биографија, а прикажува раце испишани со труд и погледи во кои и ден-денес сјае љубов кон животот.

Пркос кон заборавот Пркос кон заборавот Пркос кон заборавот

Понесена од атмосферата, со растреперен глас, талентираната уметница одржа краток говор преку кој им се заблагодари и на оние кои застанаа пред нејзиниот објектив и на присутните:

Пркос кон заборавот Пркос кон заборавот

Вечерва не сум тука само како фотограф, туку како раскажувач на приказни. Приказни за луѓе кои со своите раце и срца го изградиле својот живот и животот на сите околу нив. На фотографиите ќе видите луѓе кои и во своето позно доба останале посветени на трудот, сè уште не ја напуштиле својата работна маса, своето поле, својата мисија.

„Пркос кон заборавот“ е мој начин да им кажам дека ги гледам, дека ги ценам и дека нивните приказни не треба да избледат. Секој портрет што ќе го видите носи дел од нивната младост, нивните битки, нивните победи и нивната љубов кон животот.

Од срце им благодарам на сите што ми ја отворија вратата и душата за да ја создадам оваа изложба. А на вас ви благодарам што вечерва сте дел од ова патување со мене.

И да не заборавиме - додека се сеќаваме на луѓето, тие живеат! Се поклонувам пред сите вас со БЛАГОДАРНОСТ!

Кочов создаде простор каде минатото и сегашноста се прегрнуваат и нè потсетува дека приказните на овие луѓе не смеат да исчезнат во тишината, дека секое сеќавање е чин на почит и продолжување на нивниот живот.

Изложбата ја зацврсти Кочов како авторка која фотографијата ја третира не само како визуелен медиум, туку како мост меѓу генерации, како живо сведоштво и како начин да се пркоси на минливоста.

Пркос кон заборавот Пркос кон заборавот Пркос кон заборавот Пркос кон заборавот Пркос кон заборавот Пркос кон заборавот Пркос кон заборавот Пркос кон заборавот Пркос кон заборавот Пркос кон заборавот Пркос кон заборавот Пркос кон заборавот Пркос кон заборавот Пркос кон заборавот Пркос кон заборавот Пркос кон заборавот Пркос кон заборавот Пркос кон заборавот Пркос кон заборавот Пркос кон заборавот Пркос кон заборавот Пркос кон заборавот Пркос кон заборавот Пркос кон заборавот Пркос кон заборавот Пркос кон заборавот Пркос кон заборавот Пркос кон заборавот Пркос кон заборавот Пркос кон заборавот Пркос кон заборавот

Фото: Кристијан Талевски

Најнови

  • Зоран Кардула

    „Ерато ни отвори еден нов свет во кој нема злоба, нема лаги“: Зоран Кардула отворено за аутизмот на ќерката и специјалната елка

    Sat, 01/10/2026 - 19:15
  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.