• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Поради бројните притисоци по поддршката на студентите, годинашниот EXIT ќе биде последен во Србија!

12 јуни 2025, 13:17
  • cподели

Пред 25 години, EXIT беше создаден како студентско движење за мир и слобода во Србија и на Балканот. Од својот почеток до денес, тој прерасна не само во еден од водечките фестивали во светот, туку и во глобален симбол на заедништво, толеранција и сила на младите луѓе. Преку музика, креативност и активизам, поврзувавме генерации и народи, ги обновувавме раскинатите врски и изградивме мостови онаму каде што многумина ги уриваа. Донесовме најпрестижни европски фестивалски награди во Србија и во регионот, како и стотици милиони евра туристички прилив со промоцијата чија вредност е категоризирана од светските експерти како непроценлива.

Сепак, од моментот кога минатата година јавно застанавме на страната на студентите и нивната борба за слободно и праведно општество во Србија, бевме изложени на огромни финансиски и други притисоци, со цел да ни се укине нашето право на слобода на мислење и говор. Иако целосно ни беше ускратено јавното кофинансирање на сите нивоа на власта, без кое во ограничените економски рамки долгорочно не е можно да се реализира фестивал од големината и реномето на Exit, не прифаќаме да бидеме замолчени.

Сметаме дека слободата нема цена и токму затоа, годинашново јубилејно издание на фестивалот ќе биде последното што ќе се одржи во Србија во која се задушува слободата на говор. Иако знаеме дека сме добредојдени во многу делови од светот, на нашата публика ѝ должиме последно танцување на Петроварадинската тврдина, поради што целиот наш тим е поодлучен од кога било досега годинашново издание да го направи најемотивното и најнезаборавното до сега.

Егзит

Тој ќе се одржи од 10 до 13 јули во Нови Сад, кога заедно со студентите ќе одбележиме 25 години заедништво. EXIT не е само фестивал, EXIT сме сите ние кои веруваме дека можеме подобро. И како што пред четврт век заедно ја запаливме искрата на промената, денес уште еднаш го браниме правото да живееме слободно.

Ако ова е последниот EXIT на Тврдината, нека биде незаборавен. Нека биде нашиот најсилен досега. Фестивал кој ќе се памети не по крајот, туку по единството. По љубовта. По слободата!

Егзит Егзит Егзит Егзит Егзит Егзит Егзит Егзит Егзит

Фотографии: ЕГЗИТ Фото Тим

Најнови

  • Клиника Жан Митрев

    Летните попусти во Клиника Жан Митрев продолжуваат до 31 август

    Fri, 08/21/2026 - 15:26
  • Flowers Symphony

    „Flowers Symphony“ како круна на летото: Оркестар DIVA со извонредни концерти во Битола и Охрид

    Fri, 08/21/2026 - 15:08
  • Скопско

    ОСВЕЖУВАЊЕТО ПРИСТИГНА: Со забава во срцето на Дебар Маало, СКОПСКО го претстави новиот Скопско мурал и освежениот изглед на пакувањата

    Fri, 08/21/2026 - 14:38
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.