• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Популарниот ресторан за брза храна „Еверест“ отвори модерен локал во Веро центар

16 ноември 2022, 14:00
  • cподели

Популарниот ресторан за брза храна „Еверест“, познат по уникатните сендвичи и најквалитетно кафе, конечно отвори свој локал и во Скопје како дел од „Веро“. Интернационалниот бренд, кој во Грција и регионот има повеќе од 200 ресторани на најпрометни локации, денеска официјално ги отвори вратите на новиот модерен локал лоциран во Веро центар.

Еверест во Веро Еверест во Веро

Голем број посетители на првиот ден од отворањето беа нестрпливи да пробаат од широкиот избор на уникатна, вкусна храна и свежо приготвени пијалаци, како и од популарните сендвичи на „Еверест“ кои секој потрошувач ги приготвува според сопственикот вкус. Посетителите уживаа во ароматичните кафиња послужени во модерниот и пријатен амбиент на ресторанот, уреден според највисоките стандарди на брендот. На менито на „Еверест“ може да се најдат најразлични салати, топли и ладни сендвичи, тортиљи, свежо приготвени печива, вкусни десерти, здрави оброци и освежителни пијалаци, како и различни видови кафе приготвено од најквалитетни мешавини. Главната одлика на понудата на „Еверест“ се многубројните опции за сечиј вкус во секој дел од денот, секогаш приготвени со производи со препознатлив квалитет и одлична цена.

„Еверест“ е еден од најголемите синџир ресторани за брза храна во Грција, со повеќе од 200 локали низ целата земја, но и во поширокиот регион, кои послужуваат повеќе од 100.000 потрошувачи дневно. Со отворањето на „Еверест“ ресторанот во Скопје, „Веро“ ја стави Македонија на мапата на земји кои на потрошувачите може да им ги понудат уникатните производи на овој популарен бренд.

Еверест во Веро Еверест во Веро Еверест во Веро

- Со отворањето на „Еверест“ во Скопје го прошируваме портфолиото на „Веро“ со уште еден популарен интернационален бренд кој предизвикува огромен интерес во земјите во кои е присутен. Наша цел е секогаш на потрошувачите да им понудиме поголем избор на квалитетни и докажани брендови кои нудат врвен квалитет и услуга. Тоа што успеавме да го донесеме „Еверест“ на нов пазар во период кога целиот свет се соочува со криза е доказ дека интернационалните партнери веруваат во стабилноста на „Веро“ и во нашата подготвеност да се развиваме и покрај сите предизвици – вели Петар Денковски, генерален директор на „Веро.

Еверест во Веро

Покрај „Еверест“, дел од портфолиото на „Веро“ се и франшизите за „Џамбо“ маркетите (Jumbo), за ресторанот за брза храна „Гудис“ (Goody’s) и за популарниот ресторан за самопослужување „Фул плејт“ (Full plate) во состав на Веро центар.

Tags
Еверест
Веро

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.