• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Понекогаш не сум добра пријателка и сопруга, но никогаш нема да се каам што ги ставам моите деца на прво место“

8 август 2022, 10:00
  • cподели

Даниел Шерман-Лазар е авторка, мајка на две деца и поборничка за зачувување на менталното здравје која често пишува текстови за убавините на мајчинството.

Во еден од своите текстови, креативната Американка опиша зошто никогаш нема да се кае што секогаш децата ѝ се на прво место и покрај тоа што тоа значи да жртвува дел од останатите аспекти во животот.

Мајчинство

Никогаш нема да се каам што ги ставам моите деца на прво место.

Да, понекогаш не сум добра пријателка или сопруга и не сум посветена на сите други аспекти од мојот живот.

Но, никогаш нема да се каам што ја откажав вечерата само за да останам дома со детето на кое му сум потребна.

Секако немаше да уживам во моето излегување, ќе размислував само на моето дете дома, болно или тажно.

И никогаш нема да се каам што им го дадов моето време.

Ова значи занемарување на мојата долга to-do листа, затворање на лаптопот, исклучување на телефонот и уживање во моментите со нив.

Затоа што кога го правам тоа, ништо не се средува, но се создаваат спомени.

Никогаш нема да се каам што сум рекла ДА, кога сè во мене врескало НЕ.

Кога тие сакаат да лежам со нив „само уште пет минути“.

Кога тие сакаат само уште една приказна или само уште еден бакнеж или прегратка.

Бидејќи знам дека тие ќе си заминат и ќе имаат нивни животи, дека јас нема повеќе да бидам центарот на нивниот универзум, туку ќе имам само споредна улога.

Но, ќе бидам среќна знаејќи дека секој момент поминат со нив, придонесе да создадеме доверлива врска, во која тие ќе можат да ми се јават кога ќе паднат, во која сите ги прифаќаме нашите различности и ги поддржуваме. Врска со взаемна почит и љубов.

И не, нема да бидам совршена.

Но, секогаш ќе бидам таму за нив, без оглед на сè.

Бидејќи иако не сакам сè што доаѓа со мајчинството, обожавам сè што е поврзано со нив.

И не постојат други личности на овој свет со кои би сакала да бидам.

Затоа, никогаш нема да се каам што ги ставам моите деца на прво место.

Tags
Даниел Шерман-Лазар
мајчинство
мајка

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.