• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Истражувања

Половината од жените не си го сакаат лицето кога немаат шминка

28 февруари 2012, 19:58
  • cподели

Жените уште од стари времиња користеле шминка. Само погледнете слика која го олицетворува изгледот на Клеопатра и ќе се уверите. Но, денес жените користат шминка повеќе отсекогаш, а исто така започнуваат да ја употребуваат и од мали нозе.

Денес од жената се очекува да изгледа средено и привлечно, па жените со цел да ги задоволат нереалните критериуми за убавина наметнати преку дигитално обработени фотографии или снимки, сè повеќе го преферираат нашминканиот изглед, а некои одат и дотаму што сметаат дека ненашминканото лице е непривлечно.

Ново американско истражување покажа дека речиси половината од жените не го сакаат својот изглед кога не се нашминкани, а некои жени дури и се чувствуваат како голи кога на себе немаат шминка.

Нашминкана девојка

Истражувањето направено од Harris Interactive било спроведено со учество на 1.300 жени над 18 години, а целта била да се дефинираат нивните чувства кон шминката.

Резултатите покажале дека кога не користат шминка, 44% од жените имаат негативни чувства за својот изглед. Некои од нив признале дека не се чувствуваат привлечни без шминка, други пак изјавиле дека се чувствуваат како голи кога не го имаат покриено своето лице со шминка.

Кога биле запрашани зошто се шминкаат, 44% од жените изјавиле дека го прават тоа за да прикријат одредени недостатоци, а 48% откриле дека се шминкаат затоа што го претпочитаат својот изглед кога се нашминкани.

Третина од жените признале дека шминката предизвикува да се чувствуваат подобро.

Психолозите објаснуваат дека користењето на шминка за подобрување на изгледот е нормално во нашето општество. Но, загриженост се појавува кога шминката не се користи како алатка за разубавување, туку како заштитна покривка која ги крие негативните чувства за нечија самодоверба.

Најголем дел од жените кои користат шминка изјавиле дека започнале да се шминкаат од 14-16 годишна возраст, а дури 27% започнале да користат шминка на возраст од 11 до 13 години.

Според резултатите од анкета спроведена на Фемина, Македонките исто така започнуваат да користат шминка рано во својот живот. Цели 72% одговориле дека започнале да користат шминка на возраст до 15 години, а 10% од Македонките се со шминка на лицето од времето кога имале под 13 години.

Tags
шминка
жени-жени

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.