• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Покиселкав и поосвежителен вкус: Ново Битолско екстра кравјо кисело млеко

8 август 2018, 12:43
  • cподели

Најголемиот производител на млеко и млечни производи во Македонија – Бимилк го збогатува своето портфолио на кисело-млечни производи со уште еден освежителен вкус за сите љубители на изразито киселкав вкус на киселото млеко.

Новиот производ – Битолско екстра кравјо кисело млеко, доаѓа како резултат на повеќемесечни опсежни истражувања на пазарот и мислењето на потрошувачите, што уште еднаш ги потврдува способноста, подготвеноста и капацитетот на Бимилк да ги слушне и да ги пресретне потребите на потрошувачите.

Имено, резултатите покажаа дека потрошувачите на Бимилк, особено оние од Источна Македонија, го преферираат покиселкавиот и поосвежителен вкус на киселото млеко, па оттука потекна и идејата за лансирање на овој нов производ, велат од Бимилк.

Ново Битолско кисело млеко

„Воведувањето Битолско екстра кисело млеко е дел од нашата стратегија за проширување на производното портфолио на производи што ги задоволуваат специфичните потреби и очекувања на сите наши потрошувачи. Нашиот оддел за истражување и развој во изминатиот период навистина посветено и неуморно работеше во креирањето на совршениот производ, кој е комбинација на извонредно фина и кремаста структура и киселкав вкус, и за кој се надеваме дека ќе ги задоволи и најспецифичните вкусови“ – изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

Произведено од најквалитетното домашно млеко по најсовремените стандарди за производство, новиот член на портфолиото „Битолско“ ги содржи сите нутритивни вредности како и првото и омилено, препознатливо Битолско кисело млеко, но она што го разликува е неговиот специфичен киселкав вкус што на храната ѝ дава дополнително освежување при секој следен залак.

Комерцијален текст

Tags
Бимилк
Bimilk

Најнови

  • Емакуате Вандера Блажески

    „Во Кенија се слави Божиќ со заеднички собири на многу сонце, во Македонија е поинтимен и семеен“: Празнично со Ем Вандера Блажески

    Wed, 01/07/2026 - 17:22
  • Отец Михаил

    „Божиќ нè потсетува дека домот е храм на љубовта… Добрината носи радост, а простувањето ја обновува душата“: Отец Михаил за духовната смисла на Божиќ

    Wed, 01/07/2026 - 00:30
  • Бадник и Божиќ во семејството на Нина и Борко Ристовски

    „Децата ги причестуваме, а божиќното утро е најубавото и прво одиме во црква“: Нина за Бадник и Божиќ во семејството Ристовски

    Tue, 01/06/2026 - 16:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.