• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Подготвени сме за нашето мало чудо“: Емилија Мицевска со вереникот во трудничка фотосесија пред породувањето

4 јуни 2026, 14:11
  • cподели

Емилија Мицевска со нетрпение го очекува своето прво дете.

Бремената актерка од Драмски театар позираше со вереникот Деан Стојковски за трудничка фотосесија пред породувањето. На фотографиите, идниот татко нежно ја бакнува саканата и нејзиното големо стомаче во кое е нивното мало чудо.

„Подготвени сме да го запознаеме нашето мало чудо“ – стои во описот на фотографиите направени од Ерина Богоева.

Среќната трудница и нејзиниот вереник Деан очекуваат синче кое ќе се вика Давид. Парот се вери на крајот од јануари оваа година.

Во интервју за Фемина, Емилија сподели дека патот до мајчинството не бил едноставен и дека има доживеано неколку спонтани абортуси.

„Поминав низ период кога медицинските прогнози беа скептични во однос на мојата можност да станам мајка. Зад мене стојат неколку спонтани абортуси и хируршка интервенција. Буквално ми беше кажано дека нема шанси и дека тешко ќе може да останам бремена“ – ни откри Емилија.

Tags
Емилија Мицевска
Деан Стојковски

Најнови

  • Битолска серенада: Спотот за песната „Кажи, кажи, Широк сокак“ на група Деспина инспирирана од вистинска љубовна приказна

    Wed, 07/15/2026 - 21:00
  • Мали херои: Кучиња спасија две жени од сексуален напад од перверзник во Мелбурн

    Wed, 07/15/2026 - 20:55
  • По 20 години борба со неплодност, 40-годишна жена забремени со ИВФ во болница „Плодност“

    Wed, 07/15/2026 - 14:35
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.