• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Подарок за матура без стрес: најпрактичните избори веќе се во dm продавниците

22 мај 2026, 10:21
  • cподели
dm подароци

Матурата е еден од оние моменти кои се паметат долго - прослава на завршено поглавје, нов почеток и убав повод за внимание кон матурантите. Во периодот кога се избираат подароци за најблиските, dm drogerie markt нуди разновиден избор на производи за нега, убавина и мириси, со кои лесно може да се пронајде практичен и внимателно одбран подарок за матура. Во dm продавниците се достапни предлози и за девојки и за момчиња, по секогаш поволни цени, со можност секој да избере подарок според стилот, потребите и буџетот.

Без разлика дали станува збор за производи кои ќе го надополнат изгледот за матурската вечер, мирис кој ќе стане дел од секојдневната рутина или практичен сет за лична нега, dm нуди решенија кои се применливи, убаво спакувани и погодни за подарување. Изборот опфаќа декоративна козметика, парфеми и сетови за нега, кои можат да бидат самостоен подарок или дел од персонализирана комбинација за матурантите – и тоа сѐ по секогаш поволни цени.

Во категоријата декоративна козметика, како практичен подарок се издвојува и MAYBELLINE NEW YORK Fit me Matte компактната пудра, по цена од 389 денари. Производот е наменет за постигнување изедначен тен и природен мат ефект, особено кај нормална и масна кожа. Неговата формула помага во апсорбирање на вишокот маснотии и контрола на сјајот. Поради компактното пакување, оваа пудра е практична за носење во чанта и за освежување на изгледот во текот на денот или вечерта.

MAYBELLINE NEW YORK Fit me Matte компактната пудра

За љубителките на мириси, women'secret ROUGE SEDUCTION парфемот, достапен по цена од 1.299 денари, претставува елегантен избор за подарок. Станува збор за цветно-овошен женски мирис со почетни ноти на црна рибизла и круша, кои се надополнуваат со срцеви ноти на божур и јасмин. Топлината и постојаноста на мирисот доаѓаат од базните ноти на карамела, пачули и ванила. Овој парфем е соодветен избор за матурантки кои преферираат женствен, впечатлив и сензуален мирис.

women'secret ROUGE SEDUCTION парфем

Како симпатичен и практичен подарок за секојдневна употреба, достапен е и IDC INSTITUTE SCENTED BATH Rose подарок сет, по цена од 495 денари. Сетот содржи спреј за тело и крема за раце, во мини пакувања погодни за носење во чанта, на патување или за секојдневна употреба. Производите имаат освежителен мирис на портокал и кедровина, а се наменети за нега која ја остава кожата мека, нахранета и пријатно мирислива. Поради форматот и содржината, сетот е соодветен како мал, внимателно одбран подарок за матура.

IDC INSTITUTE SCENTED BATH Rose подарок сет

За матурантите, dm нуди повеќе предлози за нега и мириси. NIVEA MEN HERO PROTECTION подарок сет - торбичка, достапен по цена од 885 денари, содржи гел за туширање, дезодоранс во спреј и балсам за по бричење. Гелот за туширање со природна алое вера помага во хидратација на кожата и заштита од сушење, додека дезодорансот обезбедува долготрајна заштита од непријатни мириси. Балсамот за по бричење, со состојки за нега, ја хидрира и обновува кожата по бричење. Практичната торбичка го прави овој сет функционален подарок за секојдневна машка нега.

NIVEA MEN HERO PROTECTION подарок сет

Во категоријата машки мириси, ANTONIO BANDERAS mediterràneo тоалетната вода е достапен по цена од 1.229 денари. Тоалетната вода е наменета за мажи и е погодна за секојдневна употреба. Мирисната композиција започнува со ноти на бергамот и ѓумбир, продолжува со бибер и морски ноти, а завршува со амбер и мошус. Комбинацијата на свежи и топли ноти го прави овој мирис соодветен избор за матуранти кои сакаат лесен, свеж и препознатлив парфем за секој ден.

ANTONIO BANDERAS mediterràneo тоалетна вода

Како уште еден практичен избор за подарок, Old Spice Captain подарок сетот е достапен по цена од 749 денари. Сетот содржи Captain гел за туширање, дезодоранс во стик и дезодоранс во спреј, спакувани во практично пакување. Производите нудат чувство на свежина и се наменети за секојдневна нега на телото, со мирис кој комбинира ноти на сандалово дрво, бергамот и свежина инспирирана од океански бранови. Овој пакет е соодветен избор за матуранти кои преферираат практични производи за лична нега.

Old Spice Captain подарок сет

Со широкиот избор на производи за нега, убавина и мириси, dm овозможува едноставен избор на подароци за матура, прилагодени на различни потреби и буџети. Производите се достапни во dm продавниците, по секогаш поволни цени.

Tags
dm

Најнови

  • dm и Матрона - обука

    Битола во знакот на мајчинството: dm и „Матрона“ ги собраа идните родители на едукативна средба со стручни лица

    Fri, 05/22/2026 - 11:36
  • „Исклучителен уметник, врвен интерпретатор и човек“: Колегите се збогуваат со Ристе Велков по трагичната сообраќајка во која загина и неговиот син

    Fri, 05/22/2026 - 11:17
  • dm подароци

    Подарок за матура без стрес: најпрактичните избори веќе се во dm продавниците

    Fri, 05/22/2026 - 10:21
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.