• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Почнав да д'ткам од страв од наставничката“: Слаткар сподели искуства на фанови откако објави видео од дете кое пелтечи

30 септември 2026, 14:37
  • cподели

Марко Маринковиќ – Слаткар сè поотворено зборува и се залага за подигнување на свеста за проблемот со кој се соочува од мали нозе – пелтечењето.

Откако сподели видео со 8-годишниот Иво, кој исто така пелтечи, до него пристигнаа бројни пораки од родители, наставници и лица кои лично се соочиле со оваа потешкотија во говорот.

„Јас сум Иво и јас пелтечам. Кога ќе ме прекинат, ми станува уште потешко. Мојот глас е важен... Слушни ме“ – вели 8-годишниот Иво во видеото.

Неговата мајка, пак, споделува: „Научив дека трпението е најголемата помош“.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Слушни ме / Slushni me (@slushnime.film)

Самиот Слаткар претходно отворено зборуваше за своето искуство со пелтечењето. Тој сподели дека уште како дете се соочувал со предрасуди и препреки, но дека со текот на годините успеал да ја претвори својата потешкотија во сила, а музиката во начин на комуникација.

Токму неговата искреност ги охрабри и другите да ги споделат своите приказни. Еве дел од пораките кои ги доби тој:

„Марче здраво. Живееме во Н. Лисиче и моето дете има 13 години и верувај нема ниедно другарче на негови години зошто сите к.. си играат со него зошто пелтечи. Го имитираат и буквално го исмеваат, едноставно се повлече и се дружи со многу повозрасни. Ама за тоа има мајка како мене која му е ветер во грбот за сè и да не се срами воопшто за својата состојба. Те имаме и тебе и твоите песни кои нон стоп си ги пееме и слушаме😉“

„Здраво, сестра ми д'тка. Душава ме боли, а најмногу од сè мене ме боли, а замисли како и било неа во 6-то одд. наставничка по Англиски јазик ја исмејуваше и ја викаше во секој клас да ја слушнете како зборува односно д'тка. Јас се пожалив кај директорот ама чабе. Македонска работа.... Поздрав те обожаваме и јас и син ми 6 години.“

„Се мислев дали да ти пишам, не за да бидам скриншот на стори, туку затоа што имам течно прозборено на неверојатни годинка и нешто ситно, за во прво одделение да почнам да д'ткам од страв од наставничката која трескаше со дневник на катедра, а јас седев во прва клупа. Денес и јас сум наставничка, и од тоа искуство знам дека таква наставничка никогаш нема да станам. Го препознавам секое дете со ваква и слична несигурност, и пробувам да му создадам безбеден простор да се искаже. Браво за сѐ што правиш 😊.“

„Секоја чест ХРАБАР човеку! Реченицава ми одекнува СЕКОЈ ден и не знам дали повеќе ме боли или ме разбудува. Третмани има, но недостижно скапи, ама се трудиме... Секој ден стравуваме од ‘етикети’, омаловажувања. Успешни луѓе како тебе се светла точка и елан да продолжиме со крената глава. Ти БЛАГОДАРАМ од 💖“

„И јас сум мајка на детенце што пелтечи од 3 годишна возраст, сега е 6 годинки и среќна сум што со помош на логопед знае во некои ситуации како да се исконтролира правилно да изговори 🙏🥹❣️“

„Браво, браво, браво!!!! многу ми е мило дека конечно некој зборува за ова, мојот помал брат пелтечи од мали години и најмногу ќе му значи❤️“).

Приказните на овие лица ни даваат до знаење колку силно може да влијае пелтечењето врз самодовербата и секојдневието на едно дете, особено кога наместо разбирање ќе наиде на потсмевање, прекинување или исмевање.

Tags
Марко Маринковиќ-Слаткар

Најнови

  • „Почнав да д'ткам од страв од наставничката“: Слаткар сподели искуства на фанови откако објави видео од дете кое пелтечи

    Wed, 09/30/2026 - 14:37
  • Patient Zero

    Како психолошки трилер: Тејлор Свифт го објави мрачниот спот за „Patient Zero“ со Дакота Џонсон

    Wed, 09/30/2026 - 14:23
  • Тања Кочовска

    Тања Кочовска во свој стил со хумористична објава за годишнината од бракот

    Wed, 09/30/2026 - 13:55
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.