„Цел живот сум се соочувал со предрасуди и потценувања“: Слаткар со моќна порака за пелтечењето и спасот кој го пронашол во музиката
Марко Маринковиќ-Слаткар е доказ дека најголемите животни битки можат да се претворат во најголеми победи. Во својата најнова искрена исповед, познатиот македонски артист отворено проговори за пелтечењето, пречка која не дозволи да го сопре и ја претвори во своја кариера и животна мисија.
Популарниот рапер призна дека уште од мали нозе се соочувал со предрасуди и препреки поради пелтечењето, но дека денес е среќен што преку неговата животна приказна и успехот, некое друго дете со истата говорна мана ќе пронајде утеха и ќе знае дека неговиот глас може да биде моќен.
Во продолжение ви ја пренесуваме неговата моќна порака во целост:
Мојата потешкотија со говорот, дефинициски, е губење на ритамот на говорот.
Како дете, долго време мислев дека моите зборови не вредат доволно. Затоа почнав да пишувам стихови уште од моментот кога научив да држам молив во рака.
Малку подоцна спасот го пронајдов во ритамот и почнав да правам песни. Денес музиката е мојата кариера и животна мисија.
Цел живот сум се соочувал со предрасуди, потценувања и пречки од општеството, особено од оној површен и неинформиран слој. И ова е само уште една таква пречка на патот. И верувам дека токму таа ќе стане и една од инспиративните сцени во приказната што ја раскажувам.
Јас мојата пречка ја надминав кога почнав да комуницирам преку музика. А денес сум среќен што утреден некој мал ‘Марко’ ќе знае дека неговиот глас може да биде чуен и моќен, а некои други ‘Лиле и Боро’ ќе знаат дека нивното дете може да биде сакано, прифатено и почитувано. П.С. Погледнете ме на видеово како зборам ко спикер кога имам ритам и мелодија во позадина.
Слаткар е еден од најуспешните македонски музичари. Тој е во брак со Сања Николиќ со која има едно дете, синчето Моша.