• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Почина Ведрана Рудан, познатата хрватска писателка ја изгуби борбата со ракот

18 август 2026, 09:23
  • cподели

Ведрана Рудан замина во легендите. Таа почина на 76-годишна возраст по тешка борба со ракот.

Хрватската писателка е позната по својот директен, провокативен и безрезервно искрен стил, а нејзините романи и колумни често предизвикуваа големо внимание.

Тажната вест ја потврдиле нејзини блиски личности, откако утрово на нејзиниот официјален Фејсбук профил беше објавена пораката „Ведрана замина на подрачје без сигнал“.

Токму „подрачјето без сигнал“ беше нејзиниот начин да зборува за смртта. Во март 2025 година, гостувајќи во емисијата „Недељом у 2“, Рудан отворено зборуваше за својата болест и за сопствениот однос кон смртта.

„Јас сум бесмртна и нека мојата смрт ја сфатат како заминување на подрачје без сигнал“ - рече тогаш таа.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Žena.rs (@zena.rs)

На јавноста ѝ откри дека боледува од редок облик на рак на жолчните канали, а за својата болест зборуваше без табуа. Отворено раскажуваше за лекувањето, исцрпеноста, болките и метастазите, но и за својата желба да има право на достоинствено заминување.

Особено јасно зборуваше за еутаназијата, истакнувајќи дека не сака долготрајно и мачно „умирање на рати“.

Ведрана Рудан е родена во 1949 година во Опатија, а зад себе остави богата кариера како новинарка, колумнистка, водителка и писателка. Таа беше авторка која никогаш не се плашеше да ги отвори најнепријатните теми – од бракот и семејството, преку политиката и положбата на жените, па сè до стареењето, парите, болеста и смртта.

Нејзиниот препознатлив стил беше остар, саркастичен и без влакна на јазикот. Токму затоа нејзините текстови и јавни настапи со години предизвикуваа и воодушевување и бурни реакции.

Како писателка, Рудан зад себе остава бројни романи и книги, меѓу кои „Уво, грло, нож“, „Дабогда те мајка родила“, „Љубов на последен поглед“, „Страв од плетење“, „Зошто пцујам“ и други дела кои беа читани не само во Хрватска, туку и ширум регионот и преведувани на странски јазици.

Нејзиното заминување остава празнина во јавниот простор на Балканот, простор во кој Рудан со години беше еден од најпрепознатливите гласови.

И можеби најсимболично е што самата го избра начинот на кој сакаше да се зборува за нејзиното заминување.

Овој пат, Ведрана навистина замина на подрачје без сигнал.

Tags
Ведрана Рудан

Најнови

  • Сара Мејс

    Од Египет во Крушево: Сара Мејс во впечатлив розов фустан на „Силно светнал ден“

    Tue, 08/18/2026 - 10:20
  • Почина Ведрана Рудан, познатата хрватска писателка ја изгуби борбата со ракот

    Tue, 08/18/2026 - 09:23
  • Роденденот на Леон

    „Нема граници за едно големо срце“: Тамара Тодевска пееше за Леон, кој некогаш славеше роденден сам, а сега со голема дружина

    Tue, 08/18/2026 - 08:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.