• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Почина Пол Вокер, ѕвездата од „Fast & Furious“

1 декември 2013, 12:24
  • cподели

Пол Вокер, ѕвездата од филмовите „Fast & Furious“, загина во сообраќајна несреќа. 40-годишниот актер починал откако автомобилот кој бил управуван од негов пријател удрил во столб и дрво и се запалил во Санта Кларита, Калифорнија. И двајцата не преживеале.

Пол Вокер

Пол и неговиот пријател присуствувале на хуманитарен настан во близина на несреќата и одлучиле да се повозат со автомобил Porsche Carrera GT.

„Со навистина тешко срце мораме да потврдиме дека Пол Вокер загина денес во трагична сообраќајна несреќа, додека присуствуваше на хуманитарен настан за својата организација Reach Out Worldwide. Тој беше сопатник во автомобил на свој пријател, во кој и двајцата ги загубија животите“ – се вели во соопштение објавено на Facebook страницата на Вокер.

Полицијата верува дека возачот изгубил контрола поради преголема брзина.

Фотографија од местото на несреќатаФотографија од местото на несреќата

Веднаш по несреќата, веста за запаленото возило стигнала до пријателите и вработените на Вокер кои биле присутни на хуманитарниот настан. Многумина се упатиле кон местото на несреќата и пред да пристигне противпожарното возило се обидувале да го изгаснат запалениот автомобил и да ги извадат двајцата патници, но не успеале.

Пол Вокер Пол Вокер

Вокер е познат по филмовите „Fast & Furious“. Тој ја имаше и главната улога во филмови како „Joy Ride“, „Into the Blue“, „Timeline“ и „Eight Below“.

Џесика Алба и Пол на премиерата на „Into The Blue“ во 2005 годинаЏесика Алба и Пол на премиерата на „Into The Blue“ во 2005 година Пол и Вин Дизел во „Fast & Furious“Пол и Вин Дизел во „Fast & Furious“

Меѓу илјадниците кои тагуваат за смртта на Вокер е и неговата 15-годишна ќерка Медоу Рејн. Оние кои некогаш соработувале со Вокер или ја следеле неговата кариера ги преплавија социјалните мрежи со коментари исполнети со тага и мили зборови.

Tags
Пол Вокер

Најнови

  • Маја Ацевска, претседателка на Кризниот центар „Надеж“

    „Кога жртвата еднаш ќе се разочара, се повлекува и останува сама“: Маја Ацевска од Кризниот центар „Надеж“ за семејното насилство

    Fri, 03/06/2026 - 23:10
  • „Не се срамам што сум дете од село. Нема да заборавам од каде доаѓам“: Тиктокерот Динев сними видео на нива во родното село

    Fri, 03/06/2026 - 10:11
  • Бритни Спирс беше уапсена, возела под дејство на алкохол и дрога и еден час бегала од полицијата

    Fri, 03/06/2026 - 09:01
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.