• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Почина модниот дизајнер Пјер Карден на 98 години

29 декември 2020, 14:08
  • cподели

Почина модната легенда Пјер Карден на 98-годишна возраст. Врвниот дизајнер издишал за последен пат во болница во близина на Париз.

Во соопштението за неговата смрт, семејството на Карден вели: „Сите ние сме горди на неговата силна амбициозност и смелоста која ја покажа низ неговиот живот“.

Пјер Карден

Карден е роден во Италија во 1922 година. Бегајќи што подалеку од фашизмот кој започнал поинтензивно да се шири во тоа време, тој и неговото семејство се преселиле во Франција во 1924 година. Иако татко му инсистирал да учи архитектура, Пјер отсекогаш се интересирал најмногу за кроење и уште на 14-годишна возраст започнал да ги изучува основите на модното дизајнирање.

Пјер Карден

Во 1945 година се преселил во Париз, каде по завршувањето на Втората светска војна студирал архитектура и работел во модната куќа „Пакен“. Пред да го основа сопствениот бренд во 1950 година, тој работел и со Елза Скијапарели и во Кристијан Диор.

Светски триумф од почетоците на неговата кариера е „балон фустанот“ (bubble dress), кој се „родил“ во 1954 година.

Пјер Карден

Инспирирајќи се од геометријата и истражувањето на вселената и стремејќи се кон минимализам, Карден развиваше специфичен стил. Неговите креации во 60-тите и 70-тите години беа зачинети со футуристичка естетика.

Пјер Карден Пјер Карден Пјер Карден Пјер Карден Пјер Карден Пјер Карден

Фасцинираноста од геометриските форми го поттикна во 1991 година да ја купи и необичната градба „Bubble Palace“.

Пјер Карден Пјер Карден Пјер Карден

Освен што го прошири брендот кон парфеми и козметика, тој во текот на годините имаше многу интереси и стана сопственик на ресторани, хотели, па дури и замок.

Најголеми критики Карден доби за неговата одлука да дава лиценци за продажба на најразлични производи, па така неговото име се најде на секакви модни додатоци, но и предмети како пенкала. Многумина го обвинија дека го „разводнува“ брендот, но тоа се покажа и како профитабилна стратегија, а неговиот бренд се распространи насекаде.

Пјер Карден
Tags
Пјер Карден

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.