• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Почина Митко Апостоловски, актерот со единствен стас и глас

5 август 2022, 15:00
  • cподели

Ѕвездата на Митко Апостоловски згасна на Земјата.

Македонскиот актер со неповторлива појава почина на 67-годишна возраст. Тажната вест ја објави Народниот театар Битола.

Митко Апостоловски

„Денеска нè напушти доајенот на македонското глумиште, долгогодишниот член на НТБ, актерот со единствен стас и глас Митко С. Апостоловски. Неговата исклучителна харизма со која пленеше од сцената уште долго ќе ја паметиме. Нека ти е светол патот, почитуван колега!“ – пишуваат од битолскиот театар.

Апостоловски е роден во Градот на конзулите, а дипломира на Вишата музичка школа во Скопје (Отсек за драмски глумци). Работеше во Народниот театар во Битола во периодот 1973-1974, потоа во Народниот театар во Куманово (1980- 1995), пред повторно да се врати во битолскиот театар.

Неговиот талент блескаше во филмови како „Трето полувреме“, „До балчак“, „Проколнати“, „Заборавени“, „Последниот Македонец“ и „Сведокот“, сериите „Народни Приказни“, „Белото циганче“, „Во светот на бајките“, „Обични луѓе“ и „Тврдокорни“, како и бројни театарски претстави.

Митко Апостоловски Митко Апостоловски

Колегите со огромна тага се збогуваат со него. Петар Горко објави: „Почивај во мир, колега, пријателе, прекрасен човеку. Неизмерна загуба чувствувам. Нека ти е вечен споменот.“

Tags
Митко Апостоловски

Најнови

  • Марија како ангел на Victoria’s Secret: Убавата ќерка на Дарко и Маја Панчеви со заводлива маска за Халовин

    Mon, 11/02/2026 - 23:00
  • „Нека твојата чиста душа најде вечен мир и спокој“: Сопругата на пејачот Маријан Стојаноски скршена по загубата на 5-годишното синче

    Mon, 11/02/2026 - 21:41
  • Јана Бурческа и Даниела Јовановиќ на „Макфест“

    Стилски тандем: Јана Бурческа и Даниела Јовановиќ впечатливи на „Макфест“

    Mon, 11/02/2026 - 21:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.