• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Почина македонската оперска пејачка Ирена Кавкалевска на 51-годишна возраст

25 септември 2024, 09:29
  • cподели

Почина Ирена Кавкалевска. Македонската оперска пејачка издиша за последен пат на 51-годишна возраст.

 Ирена Кавкалевска

Тажната вест за нејзината смрт ја соопштија од Македонската опера и балет преку соопштение:

ЗАМИНА НАШАТА ОПЕРСКА ПРВЕНКА ИРЕНА КАВКАЛЕВСКА, МЕЦОСОПРАН (1973-2024)

ИРЕНА КАВКАЛЕВСКА, мецосопран Добитничка на многу награди, школувана во Македониіа, Софиjа, Грац, Загреб, Кавкалевска дебитира на сцената на МОБ во 1996 година со улогата на Мадалена во „Риголето". Настапувала на многу фестивали и оперски сцени, а незиниот репертоар зборува за успешни креации во „Кармен", „Аида", „Набуко", „Моќта на судбината", „Сестра Анџелика", „Лули Цезар во Египет" „Севилскиот берберин", „Лилјакот", „Иван Сусаньин", „Цар Самоил".

„Уште во првата нејзина појава, Ирена Кавкалевска беше вистинско олицетворение на Кармен, бескрупулозната заводничка. Таа апсолутно пленеше со сценичноста, владееше со целото дејство, очигледно се чувствуваше удобно во улогата што а толкува. Комотна и самоуверена на сцената, мошне маркантно ja долови фаталната женска привлечност" - зборува музичката критика за креацијата на нашата уметница во познатата опера на Жорж Бизе.

Нејзината појава беше особено ретка, како на сцената така и во приватниот живот. Зрачејќи со својата елеганција, нежност и благородност, остави голема трага во срцата на публиката и колегите. Истовремено, беше и силен борец во сите животни премрежја.

Прераната смрт на почитуваната и драга Ирена Кавкалевска за Македонската опера и балет и воопшто, за севкупниот културен живот, претставува огромна загуба. Таа имаше и можеше да подари уште многу сценски и концертни креации...

НЕКА ТИ Е СВЕТОЛ ПАТОТ, ДРАГА ИРЕНА!

Искрено сочувство до семејството!

НУ Национална опера и балет

 Ирена Кавкалевска  Ирена Кавкалевска  Ирена Кавкалевска  Ирена Кавкалевска  Ирена Кавкалевска  Ирена Кавкалевска

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.