• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Почина хрватската блогерка Кристина само 4 месеци по трауматичното породување со 6-тото дете

1 септември 2026, 09:29
  • cподели

Хрватската јавност ја потресе веста за ненадејната смрт на Кристина Ковачевиќ Хитрец.

Само четири месеци пред да почине, 38-годишната блогерка и авторка на „Мамин блог“ го роди своето шесто дете и јавно раскажа за драматичниот момент кој го доживеала за време на породувањето. Причината за нејзината смрт не е соопштена.

Кристина со години преку социјалните мрежи отворено зборуваше за мајчинството, семејството и секојдневните предизвици на животот со големо семејство. Нејзините објави ги следеа речиси од 50.000 лица на Instagram, а покрај блогерството, таа беше позната и по хуманитарната работа, за која ја доби наградата „Гордост на Хрватска“.

Смртта на Кристина беше потврдена и на нејзиниот Instagram профил, каде стои:

Драги пријатели, следбеници, познаници и сите што ја познававте нашата драга Кристина, со голема тага во срцето се простуваме од нашата Кристина.

Во овие тешки моменти, им благодариме на сите за изразеното сочувство, поддршката и за секое убаво сеќавање што го чувате за Кристина.

Нека ѝ е мирно небото.

Засекогаш ќе остане во срцата на сите кои ја сакаа. ❤️

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Kristina Kovačević Hitrec (@mamin_blog_kristina)

Животот на Кристина не беше без предизвици. Таа отворено зборуваше дека се борела со неплодност пред да стане мајка на шест деца, како и за трауматичното породување со шестото дете.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Petra Mestric (@petramestric)

Како што раскажа самата, по примањето на спинална анестезија одеднаш останала без воздух и воопшто не можела да вдиши, ниту да зборува.

„По спиналната анестезија одеднаш останав без воздух. Не тешко дишење, не паника... туку буквално не можев да вдишам ни милиметар воздух. Сè ми беше вкочането. Не можев да зборувам. Само мавтав со рацете обидувајќи се некому да му покажам што се случува“ – раскажала таа.

Кристина опиша дека медицинскиот тим ѝ ставил маска и ѝ велел да дише, но таа едноставно не можела.

„Во дел од секундата се помирив со тоа дека си одам. И она што најмногу ме шокираше... не беше паниката во тој последен момент. Туку мислата: ‘Добро... си одам... но барем не боли. А што ќе биде со бебето и со останатите деца?’ И тука се изгасив“ – споделила таа.

Иако во нејзината глава тој момент траел како цел живот, во реалноста станувало збор за секунди. Лекарите ја успале и ја интубирале, односно ѝ поставиле цевка за дишење и механички го презеле дишењето наместо неа. Благодарение на брзата реакција на медицинскиот тим, ситуацијата завршила добро.

Кристина решила јавно да го сподели искуството затоа што претходно не знаела дека вакво нешто може да се случи.

Таа објаснила дека во ретки случаи спиналната анестезија може да се прошири повисоко и да ги зафати нервите кои го контролираат дишењето, што може да доведе до чувство дека човек не може да вдише.

„Тоа е страшно искуство. Нема да лажам, едно од најлошите чувства што постојат. Но, постои решение. Лекарите знаат што прават. Реагираат брзо. И можат да те спасат, како што ме спасија мене“ – напишала Ковачевиќ Хитрец.

Причините за нејзината прерана смрт остануваат непотврдени, но на социјалните мрежи се шпекулира дека станувало збор за самоубиство.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Helena Sitar (@helenasitar)

Tags
Кристина Ковачевиќ Хитрец

Најнови

  • Месечен хороскоп – СЕПТЕМВРИ, 2026

    Tue, 09/01/2026 - 09:52
  • Почина хрватската блогерка Кристина само 4 месеци по трауматичното породување со 6-тото дете

    Tue, 09/01/2026 - 09:29
  • Блогерка која патува низ светот одушевена од убавините на Охрид: „Прекрасни православни цркви, кристално чиста вода“

    Tue, 09/01/2026 - 21:25
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.