• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Почина Гордана Дувњак, нејзините синови скршени од болка: „Жена борец, мајка каква што секое дете само би можело да посака“

21 април 2026, 11:08
  • cподели

Почина македонската новинарка Гордана Дувњак.

Истакнатата новинарка и уредничка го напушти овој свет на 61-годишна возраст по долго боледување, оставајќи зад себе богата професионална кариера и длабока тага кај семејството, колегите и јавноста. 

Веста за нејзината смрт ја потврди семејството, а нејзините синови Мартин и Стефан се простија од саканата „мајка, жена и кралица“ со емотивни пораки на социјалните мрежи.

💔💔💔💔
🕊️🤍

Се одјави нашата мајка, жена, кралица Гордана Дувњак. 🖤

Жена која што не ја сакаше и почитуваше само тој што ја немаше запознаено. 🌹

Жена борец, мајка каква што секое дете само би можел да посака и да сонува да има. Најдобрата на светот! 🤍

Врвен професионалец и новинар кој беше пример за чесност, љубов кон професијата, искреност, владеење на материјата и став.

Мајка која што често знаеше да каже дека близнаците Мартин и Стефан и се најголемото богатство во животот и најголемата гордост и успех во животот. 🤍

За нас Гоцика златна ти беше и мајка и татко, со оглед дека тато го загубивме многу млади. Толку многу љубов, поддршка и жртва даде за нас да изведеш луѓе на животниот пат што никогаш нема да ти го заборавиме. 💔

Секогаш ќе те паметиме како најдобрата и најпосветена мајка, борец и жена лавица која гордо се соочуваше и се носеше со секој предизвик и потешкотија во животот. 🕊️

За жал, животот воопшто не искочи фер со таква прекраснотија и убавина од човек каква што секогаш ќе те паметиме и со полно срце, љубов и гордост ќе те спомнуваме. 🤍

Те сакаме и секогаш ќе те сакаме "наш липи анџеле". 🕊️✨

Наздравете со тато горе повторно заедно со по една жолта и чувајте нè со Стефан и нашите најблиски. 🕯️

Ние секогаш ќе ве спомнуваме и ќе се сеќаваме на вас со гордост какви прекрасни родители имавме. 🤍

Фамилија музичари, полни со љубов, поддршка и разбирање. 🙏

Погребот ќе се одржи утре, во 11 часот во капелата во Бутел, а во 12 часот погребот е закажан на гробиштата на Бутел. 🕊️ - стои во пораката на Мартин.

Нè напушти нашиот ангел и борец, мојата мајка. Целиот живот го посвети на мене и Мартин и беше најпрекрасниот човек на светот, толку добра, искрена, човечна и секогаш спремна да помогне и на тие што ги знае и оние што прв пат ќе ги запознаеше. Покрај мајка беше и мојот најдобар пријател, моето друштво за театар, кино, прошетка покрај Вардар, придружба за настани и секогаш се секираше само да ме види среќен и среден.

Ќе фалиш секогаш ангелу мој, чувајте нè со тато од горе заедно. Ќе ѝ раскажуваме на принцезата Срна, твојата внука, каква жена си била и колку се израдува кога ни дојде на свет. Почивај во мир без болки и стравови.

Телото ќе биде изложено утре на 22.04.2026 година во капела во 11 часот, а погребот на гробиштата Бутел од 12 часот.
💔💔💔😢😢😢😢 - стои во пораката на Стефан.

Дувњак ја започна кариерата во Македонската радио-телевизија во 1988 година, по што работеше во „Нова Македонија“, а најголем дел од професионалниот пат го помина во „Утрински весник“, каде беше препознатлива по аналитичкиот пристап и интервјуата со клучни личности од јавниот живот. Подоцна, таа беше дел од „Макфакс“, 1ТВ и „Фокус“, а од 2023 година ја извршуваше функцијата портпаролка на Судскиот совет.

Како долгогодишна членка на Здружението на новинарите на Македонија, Дувњак активно придонесуваше за унапредување на етичките стандарди и заштита на професионалните вредности во новинарството.

ФОТО: Facebook / Martin Duvnjak, Stefan Duvnjak
Tags
Гордана Дувњак
Мартин Дувњак

Најнови

  • Почина Гордана Дувњак, нејзините синови скршени од болка: „Жена борец, мајка каква што секое дете само би можело да посака“

    Tue, 04/21/2026 - 11:08
  • Христијан Настески – Пајак: „Никогаш не сум бил во Грција, на море првпат бев на 16-17 години“

    Tue, 04/21/2026 - 10:16
  • „Животот е еден“: Антониа Гиговска полна со благодарност по објавувањето на песната со Благица Павловска и Роберт Спасенцовски

    Tue, 04/21/2026 - 09:05
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.