• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Победничките фотографии од натпреварот на National Geographic 2015

30 декември 2015, 12:20
  • cподели

National Geographic објави кои се победници во натпреварот за најдобри фотографии за оваа година. Во трката за најдобра фотографија учествуваа над 13.000 фасцинантни дела, направени од аматери и професионалци.

Како и секоја година, фотографиите се поделени во три категории - луѓе, места и природа и во секоја од нив е избран по еден победник.

Главната награда од 10.000 долари и посета на семинар за фотографија ја доби Џејмс Смарт, за својата фотографија од торнадо во Колорадо.

Добитник на главната награда и победник во категоријата „Природа“

 Торнадо кое минува покрај куќа во близина на Симла, Колорадо.Торнадо кое минува покрај куќа во близина на Симла, Колорадо.

Смарт и неговиот брат 15 дена „ловеле“ бури, пред тој да успее да го овековечи моментот во импресивната фотографија која му донесе победа.

Други фотографии кои се истакнаа во категоријата „Природа“

 Орангутан кој се штити од дождот со лист во Бали, Индонезија.Орангутан кој се штити од дождот со лист во Бали, Индонезија.  Колоритен хаос. Птици кои седат на гранче и рефлексија во боите на виножитото од птици кои летаат во Јужна Африка.Колоритен хаос. Птици кои седат на гранче и рефлексија во боите на виножитото од птици кои летаат над нив во Јужна Африка.  Најголемиот планински систем, Тјеншан, во Централна Азија. Најголемиот планински систем, Тјеншан, во Централна Азија.

Победник во категоријата „Места“

 Астероид. Мочуриште во Андалузија, Шпанија, делумно уништено од радиоактивен отпад. Астероид. Мочуриште во Андалузија, Шпанија, делумно уништено од радиоактивен отпад.

Други фотографии кои се истакнаа во категоријата „Места“

 Девојче во розов фустан трча на „Ридот од крстови“ во Литванија и носи мир, надеж и љубов. Се верува дека многу духови на починатите живеат на овој мал рид. Девојче во розов фустан трча на „Ридот од крстови“ во Литванија и носи мир, надеж и љубов. Се верува дека многу духови на починатите живеат на овој мал рид.  Фотографијата е симболична, бидејќи подарување на миризливи стапчиња во Кина значи пренесување на мудрост и знаење од генерација на генерација. Фотографијата е симболична, бидејќи подарување на миризливи стапчиња во Кина значи пренесување на мудрост и знаење од генерација на генерација.  Игра со топки на плажа во Рио де Женеиро, Бразил. Игра со топки на плажа во Рио де Жанеиро, Бразил.

Победник во категоријата „Луѓе“

 Бвенги живее во сиромашен кварт во Кампала, главниот град на Уганда. Тој го цени својот велосипед повеќе од сè и доаѓа со него на ова игралиште секоја вечер, каде ги гледа децата додека играат фудбал. Бвенги живее во сиромашен кварт во Кампала, главниот град на Уганда. Тој го цени својот велосипед повеќе од сè и доаѓа со него на ова игралиште секоја вечер, каде ги гледа децата додека играат фудбал.

Други фотографии кои се истакнаа во категоријата „Луѓе“

 Студентки од Иран на границата помеѓу Иран и Ирак. Некои од нив се качени на тенкови оставени по војната меѓу двете земји. Една од девојките ги шири рацете и се врти за да се соочи со ирачката граница. Студентки од Иран на границата помеѓу Иран и Ирак. Некои од нив се качени на тенкови оставени по војната меѓу двете земји. Една од девојките ги шири рацете и се врти кон ирачката граница.  Кога член на семејството ќе почине во Тајван, нивното тело се чува во куќата или шатор изграден за таа намена. По определен период, на починатиот му се дава погребна поворка пред погребот. Кога член на семејството ќе почине во Тајван, нивното тело се чува во куќата или во шатор изграден за таа намена. По определен период, во чест на починатиот се прави погребна поворка.
Tags
National Geographic

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.