• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Победничките фотографии од натпреварот на National Geographic 2013

20 декември 2013, 12:39
  • cподели

„National Geographic“ ги прогласи победниците во натпреварот за најдобри фотографии за 2013 година. Повеќе од 7.000 фотографии направени од аматери и професионалци од 150 земји во светот беа пријавени во три категории – луѓе, места и природа.

Добитник на главната награда и победник во категоријата „Природа“

Nat GeoПоларна мечка под површината на водата во Хадсоновиот залив, Канада

Други фотографии кои се истакнаа во категоријата „Природа“

Nat GeoГолеми бели чапји на Дунав во Унгарија Nat GeoНосорог во зоолошка градина во Торонто, Канада Nat GeoГнездо. Враните во Токио често за своите гнезда користат закачалки за облека бидејќи немаат природен материјал поради отсуството на зелени површини во големиот град.

Победник во категоријата „Места“

Nat GeoМајка го носи своето дете во кошница, движејќи се низ магла рано наутро во Кина.

Други фотографии кои се истакнаа во категоријата „Места“

Nat GeoБикови се сончаат на празна плажа во Андалузија, Шпанија. Nat GeoПрекрасната глетка е фотографирана во Нов Јужен Велс, Австралија. Млечно зелената вода е природен феномен предизвикан од електромагнетската активност од молњите кои ја „удираат“ површината на водата.

Победник во категоријата „Луѓе“

Nat GeoПортрет на идентичните близнаци Нилс и Емил. Фотографијата е дел од серијал кој прикажува луѓе со силна врска помеѓу себе.

Други фотографии кои се истакнаа во категоријата „Луѓе“

Nat GeoАрабик е родена во Њујорк. Но, бидејќи сега има 13 години, нејзиниот татко ја пратил кај семејството во мал град во Гамбија. Таа живее без струја и работи секој ден. Арабик е единствената личност со пасош од САД во малото гратче, но не може да го користи поради семејна традиција. Nat GeoПортрет од девојката на фотографот во нејзиниот автомобил. Nat GeoЛаурентиу во топлиот дом во близина на железничка станица во Белгија. Семејството на малото дете секојдневно се соочува со најразлични проблеми кои произлегуваат од сиромаштијата. Nat Geo7-годишната Ида во Орхус, Данска. Ида е родена во Гренланд, но нејзината мајка одлучила да се преселат во Данска со цел да имаат подобар живот. Nat GeoМомче си игра со балони покрај река во Дака, Бангладеш, додека околу него има облаци од чад од запалено ѓубре.
Tags
National Geographic

Најнови

  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • dm

    Внатрешен мир и празнична нежност: твојот домашен спа ритуал со Balea Limited Edition производите

    Fri, 01/09/2026 - 13:51
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.