• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

По петти пат филмски фестивал КИНЕНОВА: Од 8 до 18 октомври филмски од дома

17 септември 2020, 10:23
  • cподели

Оваа година јубилејното петто издание на Меѓународниот фестивал на дебитантски филм, КИНЕНОВА доаѓа во сите домови и во секое парче на Македонија преку малите екрании Телевизија 24 вести. Новите услови кои се наметнаа при справување со корона кризата, доведе до тоа да се промени и начинот на одржување и организирање на филмскиот фестивал.

Организаторите на КИНЕНОВА, оваа година одлучија реализацијата на фестивалот да биде во една поинаква форма, работејќи на тоа да се одржи континуитетот на пласирање и промоцијата на филмската уметност и тоа на најдостапен можен начин. Овој формат ќе ги спои авангардноста на оригиналниот авторски уметнички израз и атрактивноста на телевизијата како медиум, што во време на наметливите комерцијални содржини треба да донесе до конечна цел, поголема достапност и популаризација на филмската уметност.

Киненова

Од 8 до 18 октомври љубителите на филмот и филмската уметност, но и сите кои што ќе сакаат да уживаат во атрактивни, квалитетни, необични и невидени филмски прикаски претставени преку играни или документарни филмови ќе имаат можност да го направат тоа следејќи ја целата фестивалска програма од дома. Официјалната програма на фестивалот оваа година нуди неколку исклучително атрактивни програми исполнети со најнови, свежи филмови, кои гледачите во Македонија за прв пат ќе имаат можност да ги проследат и истите ќе бидат објавени наскоро на прес конференција. Како и секоја година главниот фокус е на главната натпреварувачка програма каде што оваа година ќе се натпреваруваат 7 сосема нови деби филмови од цел свет за наградите: Најдобар филм на фестивалот, најдобро сценарио, најдобар режисер и најдобар филм според публиката.

Посебен куриозитет и атракција оваа година е програмата КИНЕНОВА РЕТРО, која е всушност, посластица или подарок за сите следачи на КИНЕНОВА, а оваа година и сите ТВ гледачи во Македонија. Таа претставува ретроспектива на најдоброто од минатите четири години со цел да се одбележи малиот јубилеј, а во склоп на истата ќе бидат прикажани наградените филмови од сите четири изданија, но и некои други кои предизвикаа огромно внимание кај публиката или кои по прикажувањето на КИНЕНОВА станаа препознаени во голем број на земји и фестивали. Оваа програма започнува на 1ви октомври и ќе биде вовед во официјалниот дел на петтото издание на КИНЕНОВА.

Организаторите на КИНЕНОВА порачуваат дека уметноста секогаш ќе најде начин да се изрази пред патот до својата публика, а доказ за тоа е петтото издание на КИНЕНОВА. Тие велат дека нивната мисија еда се промовираат вредности за општо добро, а преку филмот вредностите ќе бидат пренесени на уникатен начин близок до гледачите.

КИНЕНОВА тимот ѝ порачува на публиката: Следете нѐ и не пропуштајте! Верувајте, нема да зажалите за ниту една секунда помината со КИНЕНОВА!

Најнови

  • Нела Манческа

    Македонката Нела на високото 7. место на Јуниорската Евровизија, победи Франција

    Sat, 12/13/2025 - 19:32
  • Петар Денковски

    Спектакуларно отворање во Гевгелија: ЏАМБО и ВЕРО станаа новата омилена дестинација во „Gevgelija Mall“

    Sat, 12/13/2025 - 18:51
  • Нела Манческа на Јуниорската Евровизија

    Браво! Моќниот настап на македонската претставничка Нела на Јуниорската Евровизија

    Sat, 12/13/2025 - 17:52
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.