• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„80 години создаваме вредности“ – Беше мотото на одбележувањето на големиот јубилеј на СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица

12 ноември 2026, 11:57
  • cподели

Клиничката болница Жан Митрев, со Дијагностичкиот центар во Струмица, има голема улога во создавањето на нови генерации образовани и професионално подготвени млади луѓе

Со свечена академија, која викендов се одржа во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, Средното општинско училиште со ученички дом „Димитар Влахов“, го одбележа својот голем јубилеј- 80 години од своето основање.

Свеченоста, организирана под мотото „80 години создаваме вредности“ беше посветена на богатата историја на училиштето, неговиот развој низ годините и бројните генерации кои оставиле свој придонес во оваа образовна институција.

Пред присутните со пригоден говор се обрати директорката на училиштето, Билјана Бајрактарова, која се осврна на големиот јубилеј и досегашните достигнувања и улогата на училиштето во образованието и професионалното оспособување на младите генерации. На оваа свечена академија претставник на Клиника Жан Митрев, беше д-р Ѕвонко Атанасов, специјалист по радиодијагностика.

Посебен дел од свечената програма беше посветен на историјата на училиштето, претставена преку видео во кое беа опфатени значајни моменти од неговото постоење, како и сеќавање и сведоштва на сегашни и поранешни наставници. Преку нивните лични приказни беше доловен развојниот пат на училиштето, промените низ годините и спомените што ги поврзуваат генерациите.

Клиничката болница Жан Митрев, односно „Жан Митрев Дијагностик“ – Струмица, има своја голема улога во создавањето на нови генерации образовани и професионално подготвени млади луѓе кои се иднината на нашата земја.

Уште во 2011-та година иницијативата на директорката на „Жан Митрев Дијагностик“- Струмица, Фросина Ангелов и професор Емилија Котеска од Средното општинско училиште „Димитар Влахов“ а со поддршка на д-р Жан Митрев, за соработка меѓу овие две институции стана реалност. Па така, веќе 15 години децата од „Димитар Влахов“ добиваат практична настава токму во „Жан Митрев Дијагностик“- Струмица.

Tags
Клиника Жан Митрев

Најнови

  • „80 години создаваме вредности“ – Беше мотото на одбележувањето на големиот јубилеј на СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица

    Thu, 11/12/2026 - 11:57
  • „Нашите жени се убави, но таа има нешто друго“: Игор Џамбазов објасни зошто ја обожава Моника Белучи

    Thu, 11/12/2026 - 11:05
  • „Никогаш не се откажа од нас“: Пеџа Јовановиќ со атрактивната сопруга Ана на Малдиви за нејзиниот роденден

    Thu, 11/12/2026 - 10:04
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.