„Никогаш не се откажа од нас“: Пеџа Јовановиќ со атрактивната сопруга Ана на Малдиви за нејзиниот роденден
Пеџа Јовановиќ со сопругата Ана деновиве престојува на Малдиви, а повод за тоа е нејзиниот 38-ми роденден.
Српскиот пејач и неговата атрактивна избраничка објавија егзотични фотографии од роденденското патување.
Пеџа сподели заедничка фотографија и ѝ посвети зборови исполнети со љубов, благодарност и спомени од нивните две децении заеднички живот.
„11.11. Денес се навршуваат точно 20 години од она прво 'да' на свршувачката, 20 години од твојот роденден и 20 години од нашиот заеднички живот.
Беше покрај мене и тогаш кога бев целосно изгубен. Се бореше за нас, веруваше во мене дури и кога ни самиот не верував во себе. Никогаш не се откажа од нас, од нашето семејство и од сè што заедно градевме.
Не си само мојата љубов, туку и мојата најголема поддршка, мојот мир и личноста која навистина е за цел живот.
Среќен роденден, љубов моја! Те сакам! ❤️“ – пишува тој.
„11/11 🎂
Уште една година живот, малку повеќе искуство и уште многу соништа. 🤍☺️
Колку што сум постара, сè повеќе сфаќам дека најголемиот луксуз е да имаш мир, слобода да бидеш она што си и луѓе со кои сакаш да го споделуваш животот. Не сакам да го запрам времето, туку во секој негов момент да пронајдам нешто вредно за паметење. 🙏🏽🥂🧜🏽♀️🎂
За сè што беше и за сè што допрва доаѓа✨🥂“ – стои во описот на Ана.
Пеџа и Ана имаат три деца, два сина и една ќерка. Тие досега двапати биле пред развод, но докажаа дека нивната љубов е поголема од сите брачни проблеми.
„Мојата поранешна сопруга веќе не е поранешна – сега повторно ми е сопруга. Ана е најголемата љубов во мојот живот. Постојано бевме на чекор до развод, но веќе нема да правам глупости и ќе им се посветам на вистинските вредности – семејството“ - изјавил тој за Blic.rs.
„Ниту јас веќе не знам колку пати се скаравме. Правно никогаш не се разведовме, иако бевме многу блиску до тоа. Мислев дека сум во право, а не бев. Сега ѝ се враќам на љубовта на мојот живот. Семејството е најважно од сè. Велат дека третата среќа е вистинска, па се надевам дека повеќе нема да има подеми и падови“ - додал тој.