Идентични близначки: Убавите внуки на принцезата Дијана го поддржаа принцот Вилијам на настан во Лондон
Лејди Амелија и Лејди Елиза Спенсер мамеа погледи на свеченоста на хуманитарната организација „Tusk“ во Лондон.
Идентичните близначки, кои се ќерки на Ерл Спенсер, братот на покојната принцеза Дијана, шармираа во впечатливи модни комбинации и му дадоа семејна поддршка на нивниот братучед, принцот Вилијам.
Амелија блескаше во златен фустан со светкави детали од дизајнерката Џени Пекам, додека Елиза избра елегантна сребрена креација од Оскар де ла Рента.
Принцот Вилијам, кој е покровител на организацијата, присуствуваше на церемонијата посветена на луѓето кои придонесуваат за заштита на дивиот свет и биолошката разновидност во Африка.
Тој им додели признанија на заслужни активисти и ренџери, а во својот говор се осврна на сè поголемите предизвици поврзани со климатските промени и загубата на биолошката разновидност.
Амелија и Елиза се занимаваат со моделинг и се редовни гостинки на гламурозни настани.