• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Нашите жени се убави, но таа има нешто друго“: Игор Џамбазов објасни зошто ја обожава Моника Белучи

12 ноември 2026, 11:05
  • cподели

Игор Џамбазов не ја крие фасцинацијата од Моника Белучи, а неговата воодушевеност од неа редовно ја покажува и на социјалните мрежи. 

Македонскиот актер и шоумен постојано споделува фотографии од италијанската актерка на Instagram Story, а во гостување во емисијата „Без рачна“ откри и што толку многу го привлекува кај неа.

Додека зборуваше за убавината на жените, тој посочи неколку македонски дами кои ги смета за посебни и објасни зошто Моника Белучи за него е многу повеќе од убава жена.

„Не ја фаворизирам. Ја обожавам“ – рече тој.

Запрашан која македонска јавна личност би можела да биде македонската верзија на Моника Белучи, Игор одговори:

„Има повеќе... имаме многу интересни жени. Еве баш ова што го направив со Ивана Кнез, посебна жена. Наталија Терзија модната креаторка, посебна жена. Дани Димитровска пејачката, посебна жена. Калиопи, посебна жена. Тамара, посебна, единствена... специјална, дива Моника Белучи. 

А што се однесува до убавината, има кај нас многу поубави жени од Моника Белучи, но Моника го има она што ни една македонска жена никогаш нема да го има, го има тој префинет професионален став. Таа е глумица. Таа знае да изгледа добро и кога не ѝ е добро. Нашите жени кога не им е добро, веднаш се препознава дека не им е добро.

А баш сега, бидејќи сум навлезен и во биографијата нејзина и ја обожавам, сакам да прочитам сè за неа, кажува дека кога е сниман филмот ‘Малена’, таа ги има најголемите проблеми во животот. А изгледа неверојатно.

Најсмешно е кога нема да објавам 3-4 дена ништо за Моника Белучи и Тијана ќе ми пише од Белград: ‘Зошто немаш објавено ништо за Моника Белучи?’... Моника Белучи нема појма дека сум жив, но јас сум жив кога зборувам за неа“ – рече Игор.

Tags
Игор Џамбазов

Најнови

  • „Нашите жени се убави, но таа има нешто друго“: Игор Џамбазов објасни зошто ја обожава Моника Белучи

    Thu, 11/12/2026 - 11:05
  • „Никогаш не се откажа од нас“: Пеџа Јовановиќ со атрактивната сопруга Ана на Малдиви за нејзиниот роденден

    Thu, 11/12/2026 - 10:04
  • Идентични близначки: Убавите внуки на принцезата Дијана го поддржаа принцот Вилијам на настан во Лондон

    Thu, 11/12/2026 - 09:32
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.