• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

По бурниот развод со Кијара Ферањи: Федез го доби третото дете и ги објави првите фотографии со бебето

20 јули 2026, 08:54
  • cподели

Две години по разводот со Кијара Ферањи, Федез го доби своето трето дете со новата девојка Џулија Хонегер.

23-годишната дизајнерка пред четири дена го роди нивниот син Едоардо Лупо во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано. 

Италијанскиот рапер на Instagram ги сподели првите фотографии направени во болницата на кои позира со бебето и со насмеаната Џулија. Во описот напиша: „Толку многу радост.“

За Џулија ова е прво дете, додека Федез веќе е татко на Лео и Виторија, кои ги доби во бракот со популарната модна блогерка.

Кијара Ферањи и Федез

Љубовната приказна на Федез и Џулија започна во летото 2025 година, а во април годинава објавија дека очекуваат принова. 

За разлика од неговиот претходен брак, кој беше постојано под лупа на јавноста и детално документиран на социјалните мрежи, Федез и Џулија од самиот почеток ја чуваат својата врска далеку од медиумите.

Раѓањето на бебенцето следи по еден од најтурбулентните периоди во животот на раперот – разводот со Кијара кој беше проследен со бројни шпекулации, а подоцна и со јавни обвинувања од нејзина страна.

Ферањи тврдеше дека Федез ја изневерувал со години и дека аферата започнала уште во 2017 година, пред нивната свадба. Таа откри дека непосредно пред венчавката тој размислувал да се откаже од бракот, но сепак се оженил поради притисокот од јавноста. Таа напиша дека со години се обидувала да го зачува семејството, додека зад нејзиниот грб се случувале работи за кои не знаела.

Свадбата на Кијара Ферањи и Федез Свадбата на Кијара Ферањи и Федез Кијара Ферањи

Иако разводот беше еден од најкоментираните во Италија, сега и двајцата продолжија понатаму. Кијара неодамна и официјално ја потврди новата љубовна врска со Хозе Ернандез.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Chiara Ferragni ✨ (@chiaraferragni)

Tags
Федез
Кијара Ферањи
Џулија Хонегер

Најнови

  • Торта на 5 ката и луда забава: Брена, Јаков и Џејла пееја на роденденот на ќерката на Александра Пријовиќ

    Fri, 09/04/2026 - 13:11
  • „Зад изгледот на голема ротвајлерка се крие едно големо маче“: Приказната за Кармен која по 142 дена во „Лајка“ конечно го најде својот дом

    Fri, 09/04/2026 - 12:12
  • Септември е тука, но тука е и Wolt да го олесни секојдневието

    Fri, 09/04/2026 - 12:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.