• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Совршено семејство на Instagram, во реалноста...: Кијара Ферањи потврди дека сопругот ја изневерувал, се допишувал со љубовницата и на свадбата

11 февруари 2025, 07:47
  • cподели

Кијара Ферањи одлучи без задршки да ја сподели вистината за нејзиниот распаднат брак со пејачот Федез.

Славната италијанска блогерка, која на Instagram редовно прикажуваше дека живее во семејна идила, сега објави дека била изневерувана уште од свадбениот ден.

Свадбата на Кијара Ферањи и Федез Свадбата на Кијара Ферањи и Федез

Кијара направи бајковита свадбена прослава од милион долари со Федез во септември 2018 година, а фотографиите од неа го обиколија светот и ги одушевија милионите нејзини Instagram следбеници. Но, зад совршената слика создадена пред светот, се криеше темна тајна за која никој не знаеше.

На крајот од минатиот месец, беше објавено дека Федез (Федерико) ја изневерувал Кијара, со која има две деца, а дури и размислувал да ја остави пред олтарот. Нивниот брак се распадна откако за италијанската блогерка беше поведена судска постапка дека направила професионална измама.

Свадбата на Кијара Ферањи и Федез Свадбата на Кијара Ферањи и Федез

Кијара одлучи да ја сподели својата страна од приказната откако италијански новинар објави детали од неверството на Федез. Еве ја нејзината објава споделена на Instagram:

Избрав да молчам за да се обидам да се заштитам себеси и моето семејство... Но, повеќе не можам да молчам. Живеев седум години во врска во којашто љубев како што љубев, без кочници и со целото битие. Љубев, дури и кога имаше многу причини да се откажам. Трпев ситуации во кои на пријателка би ѝ рекла: „Не дозволувај да ти го прават ова“, бидејќи љубовта за мене значеше и да се жртвуваш себеси. Постојано го минимизирав недостигот на почит и го оправдував погрешното однесување за да ја заштитам другата страна, за да го заштитам семејството, да го заштитам партнерството. Бидејќи отсекогаш се сметав себеси за силна, за самостојна, за онаа која треба да се бори за сите.

Многупати слушнав дека сум го исфрлила од куќата, но никогаш не беше кажано дека го исфрлив откако дознав за неговото неверство и никогаш не беше кажано дека тој не се колебаше дали да ја искористи можноста да учествува во „оштетувањето на мојот имиџ“. Не кажав ништо јавно дури ни кога ги дознав сите одвратни работи кои постојано беа правени зад мојот грб додека јас правев сè за да го извлечам од темните моменти, несвесна за ова...

Не кажав ништо ниту кога неколку дена пред Божиќ 2024, Федерико ми се јави (свесен дека разговара со мене на телефон) и за првпат ми ја призна аферата со оваа љубовница која траеше од 2017 година. Исто така, ми рече дека неколку дена пред свадбата размислувал да не се жени, но дека не знаел како да отстапи пред јавноста.

Повратив, сфатив дека она што го доживеав е тотално потсмевање, но страдав во тишина, опкружена само од блискоста на оние кои вистински ме сакаат и ми посакуваат обострана вистинска љубов во иднина. Молчев затоа што сакав да свртам страница без да се осврнам на болката која ја претрпев и затоа што имам две деца кои ќе слушнат што си велеле родителите еден со друг и ќе страдаат поради одредени изјави.

Но, низок удар беше кога тој одлучи со неговиот пријател да објави јавно одредени детали, веројатно за да му се одмазди на љубовницата која повеќе не му ја возвраќа љубовта. Објавени беа детали како повикот до неговата љубовница непосредно пред да зачекори кон олтарот, кажувајќи ѝ дека еден нејзин знак би бил доволен за да се откаже од сè или пораките до неа пред да биде опериран додека до тој болнички кревет десетмина од нас му ја држевме раката и секоја секунда се надевавме да го имаме тоа зло наместо него за да не го гледаме како страда.

Федез и Кијара Федез и Кијара

Молчев на многу теми, но прочитав премногу глупости за да продолжам да се преправам дека ништо не се случило. Мојата врска со Федерико беше вистинска за мене. Никогаш не сум била во отворена врска (очигледно таа беше отворена за другата страна без јас да го знам тоа) и покрај сè, горда сум што љубев безусловно.

Жал ми е што за другата страна бев само личност за исмејување и искористена, но некогаш е правилно да си ги отвориш очите, да го почувствуваш ударот, да страдаш, да се исправиш и да разбереш дека заслужуваме нешто поразлично. Љубов која со сигурност не е совршена, но барем е реална и обострана. Си го посакувам тоа за мене и ви го посакувам тоа на сите, бидејќи во овој хаос, тоа е нашиот живот.

Кијара Ферањи Кијара Ферањи Кијара Ферањи Кијара Ферањи Кијара Ферањи
View this post on Instagram

A post shared by La Parisienne Stylée (@laparisiennestylee)

Кијара Ферањи и Федез

Кијара во моментов е во врска со богатиот италијански бизнисмен Џовани Тронкети Провера.

Кијара Ферањи Кијара Ферањи Кијара Ферањи
View this post on Instagram

A post shared by WHOOPSEE (@whoopsee.it)

Кијара Ферањи Кијара Ферањи Кијара Ферањи Кијара Ферањи Кијара Ферањи Кијара Ферањи

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.