По 6 години борба со неплодност и спонтан абортус, скопјанка стана мајка со инвитро во „Плодност“
Кога надежта ќе се спои со врвната медицина, се раѓаат чуда кои инспирираат.
Скопјанка стана мајка на здраво момче по 6 години борба со неплодност, спонтан абортус и повеќе интервенции. Благодарение на стручноста на тимот на болницата „Плодност“, таа сега го држи во рацете малиот Илин, кој го доби името по празникот кога беше направен ембриотрансферот – Илинден.
Среќната мајка испрати фотографии и слатка порака за да му се заблагодари на Прим. д-р Таше Трпчевски, д-р Стефан Матиќ, на сестра Снешка и на целиот тим на битолската болница.
ДОБИЕНО ДЕТЕ ПОСЛЕ ТЕШКА БИТКА СО НЕПЛОДНОСТ
После 6 години борба, исполнети со обиди и разочарувања, пациентката поминала низ 2 хистероскопии, 4 инсеминации, 4 ин витро процедури и еден спонтан абортус, пред да дојде кај нас со надеж дека конечно ќе се најде вистинското решение.
Случај со повеќе истовремени фактори – хормонски, имунолошки и генетски кој бараше прецизен пристап.
По спроведената терапија и дополнителни испитувања, направивме ембриотрансфер кој беше успешен од прв обид кај нас.
Бременоста се одвиваше уредно, под постојан надзор. Резултатот е здраво машко бебе Илин – 51 см, 3880 гр. Името го носи по денот кога беше направен ембриотрансферот.
„Нема зборови со кои можеме да Ви се заблагодариме Вам, на д-р Стефан Матиќ, на сестра Снешка и на целиот тим на Болница Плодност“ – напиша нашата пациентка.
Најсилните зборови доаѓаат од оние што го поминале патот.
Честитки до семејството.
Болница Плодност 💫